Стара Црква (Извор)
Изглед
„Стара Црква“ | |
| Местоположба | 41°33′11″N 21°41′55″E / 41.55306°N 21.69861°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Извор |
| Општина | Чашка |
| Тип | |
| Период | римско време |
| римско време | |
| среден век | |
| Портал „Археологија“ | |
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во селото Извор во Општина Чашка. Претставува населба и некропола од римското време и средновековна црква.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Стара Црква се наоѓа на околу 800 метри источно од селото, на блага падина што се спушта кон реката.[1]
Ископувања и наоди
[уреди | уреди извор]На површина на падината се гледаат камени плочи од гробни конструкции, фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во средишниот дел на локалитетот има остатоци од еднокорабна црква со вградени сполии од мермерна архитектонска пластика. Од овој локалитет потекнува и надгробен споменик кој се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 77. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Извор
- Археолошки наоѓалишта во Општина Чашка
- Археолошки наоѓалишта во Велешко
