Глаучица (Бањица)
Глаучица — утврдена населба од римско време. На 2 километри јужно од селото Бањица, на десниот брег на селската река и покрај патот за Отиштино, на една мала височина во вид на голем тумул има видливи ѕидови од кршен камен и варов малтер, а во средишниот дел на утврдувањето постојат контури од објект. По површината се среќава множество фрагменти од керамички садови, тегули и градежен материјал.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 61. ISBN 9989-649-28-6.