Хереон (Чашка)
„Хереон“
| |
Поглед на гробницата Хереон во месноста Сулинар кај Чашка | |
| |
Местоположба | 41°41′12″N 21°41′58″E / 41.68667° СГШ; 21.69944° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Чашка |
Општина | Чашка |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Хереон или Хероон) — гробница - мавзолеј од римско време откриена на археолошкото наоѓалиште на населбата Сулинар од истиот период[1], во непосредната близина на населбата Чашка.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Наоѓалиштето лежи на 200 метри северно од селото на десната страна од железничката пруга за Велес, на блага падина што се спушта кон реката Тополка[1]. Пристапот е многу поволен, бидејќи на само педесетина метри се наоѓаат последните новоизградени куќи до кои води асфалтираната улица „Ацо Шопов“, а веднаш до ископините минува колски пат, бидејќи се наоѓаат во обработени ниви со тутун и лозја. На површина од 1,5 хектар се среќаваат голем број парчиња и делови (фрагменти) од керамички садови и многу градежен материјал[1].
Пронајдоци
[уреди | уреди извор]Во средишниот дел на ова наоѓалиште се гледаат ѕидови од објект со кружна основа и со пречник од 14-15 метри[1]. Овде е најдена и стела со старогрчки натпис и релјеф, која што се чува во народниот музеј во Велес[1]. Мавзолејот, единствен таков објект во Македонија, пронајден во наоѓалиштето Сулинар-Чашка, го сочинуваат комплекс од седум гроба[2]. Врз основа на фрагментите од архитектонската декорација може да се претпостави дека мавзолејот е од 5 век[2]. Монументалноста на градбата укажува дека бил сопственост на локален властелин[2]. На подовите се пронајдени мозаици со цртежи на геометриски форми[2], додека на ѕидовите околу гробните места има цртежи кои потекнуваат од подоцнежниот средновековен период.
Опис
[уреди | уреди извор]Гробницата - мавзолеј Хереон е ѕидана од мермерни блокови на носечката конструкција и ѕидови од кршен камен и керамика поврзани со вар и малтер, додека сводовите се во целост изградени од ќерамиди - тегули. Во гробницата се влегува преку неколку скали кои преку подземна врата влегуваат во главниот дел во кој се наоѓаат 3 погребни места - лежишта. Погребните комори се специјални изработени со одводни канали во косина, преку коишто истекувала сета течност од распаѓањето на балсамираните тела на покојниците. На ѕидовите покрај трите погребни места - комори, има вдлабнатини кои се изработени за во нив да може да стои оган за осветлување. Во левиот и десниот агол крај влезот од внатрешната страна има отвори на два мали ходници - тунели, преку кои се спуштале дарови, храна и жртви за погребаните покојници. Врз основа на богатата изработка и многубројните ретки пронајдени артефакти како раскошен накит, археолозите претпоставуваат дека во оваа гробница бил погребан некој важен и моќен римски великодостојник или заповедник со своето семејство.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед во внатрешноста на гробницата
-
Влезот на гробницата од внатрешната страна
-
Влезот во гробницата
-
Гробно место
-
Внатрешноста на гробницата, со специјалните ходници (комори) крај влезот, преку кои се спуштале дарови
-
Внатрешноста на гробницата
-
Остатоци од сводот на таванот
-
Остатоци од сводот на таванот
-
Гробно место со вдлабнатина во ѕидот за оставање оган за осветление
-
Влезната врата од внатрешната страна
-
Глетка на површината на ископините
-
Глетка на површината на ископините
-
Обработен мермерен блок кој бил основа на столб
-
Внатрешноста на ходникот - канал преку кој се принесувале предмети, накит, дарови
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Врчви — некропола од доцноантичкото време
- Мраморје — населба од неолитското време;
- Сретсело — средновековна некропола;
- Сулинар — населба од римското време
- Тулана — некропола од римското време;
- Ќерамидница - Црна Круша — населба и некропола од римското време;
- Чашка;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Коцо, Димче (1996). „V“. Археолошка карта на Република Македонија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 85.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Печков, Петар (2001). „Откриени редок ранохристијански мавзолеј и темели од црква“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 октомври 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хереон (Чашка) на Ризницата ?
- Снимка од посетата на гробницата Хереон во рамки на Википедија: ВикиПроект Археоекспедиции на каналот „Уживај во Македонија“ на Марио Шаревски