Сулинар (Чашка)
Сулинар — археолошко наоѓалиште во велешкото село Чашка. Наоѓалиштето претставува населба од римското време. На 200 метри северно на десната страна од железничката пруга за Велес, на блага падина што се спушта кон реката Тополка, на површина од 1, 5 хектар, се среќаваат голем број фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал. Во средниот дел на ова наожалиште забележливи се градби со кружен облик и основа со пречник од околу 14–15 метри. Овде е најдена надгобна стела со натпис и релјеф. Се чува во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Врчви — некропола од доцноантичкото време
- Капиново - Коњарник — населба од римското време;
- Мраморје — населба од неолитското време;
- Сретсело — средновековна некропола;
- Тулана — некропола од римското време;
- Ќерамидница - Црна Круша — населба и некропола од римското време;
- Хереон — некропола од римското време;
- Чашка;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069