Градиште (Крајници)
Градиште — археолошко наоѓалиште во атарот на селото Крајници, Македонија. Наоѓалиштето претставува градиште од доцноантичкото време. На 3 км североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато, на површина од околу половина хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал. Видливи се и остатоци од ѕидови од утврдувањето, ѕидани од камен и варов малтер.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Манастирче — некрополоа од римското време;
- Мрамор — населба од доцноантичкото време;
- Припор — населба од средниот век;
- Сувак — некропола од римското време;
- Крајници; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 78. ISBN 9989-649-28-6.