Големи Баби (Голозинци)
„Големи Баби“
| |
| |
Местоположба | 41°38′33″N 21°37′43″E / 41.64250° СГШ; 21.62861° ИГДКоординати: 41°38′33″N 21°37′43″E / 41.64250° СГШ; 21.62861° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Голозинци |
Општина | Чашка |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Големи Баби — населба од римското време во атарот на селото Голозинци, Македонија. Во местото Рамниште, кое се наоѓа на десниот брег на Тополка, на 2 километри југоисточно од селото има простор со површина од 700 на 50 метри на кој се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и друг градежен материјал, потоа делови од мермерна архитектонска пластика и водоводни керамички цевки - тубули. Оттука потекнува торзо од женска статуа што се чува во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Ридот — населба од неолитот;
- Голозинци; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.