Операција Пик
Операција Пик – воена операција на Вермахтот против југословенските и албанските партизани во поширокиот регион на Кичево и Ѓаковица. Се водела од 12 до 21 февруари 1944 година.
Заднина
[уреди | уреди извор]По капитулацијата на Италија, 8 септември 1943 година, бил проширен опсегот на слободни територии во западна Македонија. Кичево и Дебар биле првите ослободени градови по капитуалацијата. Најголемата слободна територија, Дебарца, ги опфаќала градовите Кичево, Дебар, Струга, Охрид и Ресен. Тогаш Главниот штаб на Народноослободителните партизански одреди на Македонија (ГШ НОПОМ) бил организиран во Главен штаб на НОВ и ПО на Македонија.
Тек на операцијата
[уреди | уреди извор]Операцијата Пик почнала по тешко невреме, со задоцнување од 24 часа, т.е. 13 февруари 1944 година. Траела 8 дена и завршила на 21 февруари. Борбите се воделе на два различни правци: западно од Кичево и јужно од Ѓаковица, првенствено против тамошните партизански снаги на Албанија како и партизанските снаги на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО за Космет.[1]