Градиште (Милутинце)
Градиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Милутинце. Наоѓалиштето претставува градиште од доцната антика. На високо брдо што се издига над селото, покрај патот Скупи - Пауталија, на самото зарамнето плато се гледаат остатоци од бедем, темели и ѕидови. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. На западниот дел на градиштето има бунар опкружен со камени плочи поставени вертикално.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бреслики — населба од доцната антика;
- Градиште — градиште од доцната антика;
- Дубле — населба од доцната антика;
- Лебаруша — населба од доцната антика;
- Падина — населба од доцната антика;
- Спротива — населба од доцната антика;
- Милутинце;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 196, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |