Општина Чучер Сандево
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
Opština Čučеr Sandevo Komuna e Çuçer-Sandevës
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | [[Село Чучер Сандево]] | |||||||||
| Површина | 240,78 km² | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 8.493 жители | |||||||||
| Густина на население | 35,27 жители/km² | |||||||||
| Населени места |
12
|
|||||||||
| Локална власт | ||||||||||
| Градоначалник | Јован Пејковски | |||||||||
| Совет | 11 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Адреса на седиште | Општина Чучер-Сандево, ул. „Четири воденички“ б.б. с. Мирковци | |||||||||
| Телефон | 02 2666-157 | |||||||||
| Факс | 02 2667-353 | |||||||||
| Мрежно место | Официјално мрежно место | |||||||||
Општина Чучер Сандево (српски: Општина Чучер Сандево / Opština Čučеr Sandevo, албански: Komuna e Çuçer-Sandevës) е општина во Северна Македонија. Центар на општината е селото Чучер Сандево. Општината Чучер Сандево е рурална општина сместена под падините на Скопска Црна Гора. Населена е со население од мешан етнички состав, предоминантно Македонци, Срби и Албанци.
Содржина |
[уреди] Географиja
Општинатата Чучер Сандево се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, на север од Скопје. Таа зафаќа површина од 235 km², и има 8.493 жители.
Во состав на општината има повеќе села, од кои најголеми се Бразда, Глуво, Сандево, Мирковци, Чучер, Бањани, Горњани, Кучевишта, Побожје и други. Покрај овие населени места, во општината има и три поголеми викенд населби: Бродец, Сенора и Голиово.
[уреди] Историja
Општината како посебна единица на локалната самоуправа била формирана во 1996. Во атарот на селото се наоѓа изворот на стариот римски водовод со кој преку аквадуктот се снабдувале со вода римските касарни. Името на Сандево е добиено од народниот херој од Втората светска војна, Александар Урдаревски-Санде. Во селото Чучер е родена познатата уметничка Зорка Ацковиќ-Метикош која творела во познатиот македонски ансамбл за народни песни и ора ТАНЕЦ.
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 година, Општина Чучер Сандево брои 8.493 жители, чии етнички состав е:
[уреди] Општествени институции
Во Општината Чучер-Сандево се наоѓаат следните основни училишта и тоа:
- Во основното училиште Кирил и Методиј (со едно подрачно училиште) учат вкупно 253 ученици во 18 паралелки. Наставата се одвива во две смени, и се следи на два јазика, на македонски јазик и на српски јазик.
- Тоа се наоѓа во Сандево а го сочинуваат и две подрачни училишта, во Долно Блаце и во Горно Блаце. Училиштето „Александар Урдаревски“ е изградено во 1963 година. Подрачното училиште во Долно Блаце е изградено во 1979, а во Горно Блаце во 1951. Вкупниот број на ученици кои го посетуваат ова училиште е 438, од прво до осмо одделение. Наставата се одвива во две смени во централното и една смена во подрачните училишта со вкупно 37 вработени (наставен и ненаставен кадар). Во основното училиште „Александар Урдаревски“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 438 ученици во 24 паралелки.
- Во основното училиште „Михаљ Грамено“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 215 ученици во 15 паралелки.
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
Секоја година во август во село Глуво се одржува Меморијален турнир Љубомир Рајчевски-Рајче во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар. Главен покровител на турнирот се граѓаните на село Глуво.

