Јован Пејковски
Јован Пејковски (Бразда, 25 јануари 1969) — поранешен градоначалник на Општина Чучер-Сандево.
Животопис[уреди | уреди извор]
Пејковски е роден на 25 јануари 1969 година во село Бразда. Основното образование стекнал во ОУ „Александар Урдаревски“ во село Чучер-Сандево, додека средното образование го стекнал во АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје. Оженет е и татко на три деца.
Во 2009 година, на локалните избори е избран за градоначалник на општина Чучер-Сандево како независен кандидат поддржан од група избирачи. Втор мандат добил во 2013, а трет во 2017 година.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Биографија на градоначалникот“. Општина Чучер-Сандево. Посетено на 4 април 2021.