Џорџо Кјелини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џорџо Кјелини
Chiellini in Nazionale.jpg
Лични податоци
Роден на 14 август 1984 (1984-08-14) (30 г.)
Роден во Пиза, Италија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Положба лев бек,центар бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 3
Младинска кариера
Ливорно
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2004 Ливорно 55 (4)
2004–2005 Фјорентина 37 (3)
2005– Јувентус 187 (17)
Репрезентација
2001–2003 Италија 19 18 (1)
2003-2007 Италија 21 26 (6)
2004- Италија 49 (2)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Џорџо Кјелини (итал. Giorgio Chiellini, р. 14 август 1984) е италијански фудбалер кој во моментов е член на ФК Јувентус. Тој игра на позицијата централен одбранбен играч, но може да игра и како лев бек.

Клупска кариера[уреди]

Ливорно[уреди]

Кјелини ја започнува својата кариера во Ливорно со само 6 години како фудбалер од средината на теренот со дефанзивни задачи. Тој играше во младинските категории на тимот од 1990 до 2000 пред да биде повикан за првиот тим во сезоната 2000-2001 во италијанската Серија Ц1 Лига. Во летото 2002-ата тој потпиша половина договор со екипата на Рома. Набргу во годините што доаѓаа Кјелини стануваше се поважен и поважен дел од екипата на Ливорно која брзо напредуваше и во сезоната 2003-2004 Ливорно се изборува за промоција во Серија А. Тоа го натера Италијанскиот гигант Јувентус да го доведе во своите редови.

Фјорентина[уреди]

Кјелини потпиша за Јувентус во 2004 за 6,5 милиони евра,но првата сезона од дговорот требаше да ја одработи во Фјорентина.Фјорентина му плати на Јувентус 3.5 милиони евра за тој да помине една сезона на стадионот Артемио Франки. Кјелини одигра одлична сезона настапувајќи на 42 меча во сите конкуренции и исто така постигна 3 гола.

Јувентус[уреди]

После одличната дебитантска сезона во Фјорентина тој се враќа во Јувентус тим со кој беше под договор. Кјелини одигра 23 меча кај новиот тренер Фабио Капело и даде солиден придонес за 29-тото скудето на Јувентус. Но поради скандалот калчополи на Јувентус му беа одземени двете последни титули во Серија А, а тимот беше исфрлен во Серија Б. Кјелини реши да остане во Јуве и со новиот тренер Дидие Дешамп тие успеа да се вратат во Серија А веќе во наредната сезона. Во сезоната 2007-2008 Кјелини со Јувентус успева да заврши во првата 4-рка на табелата и обезбедува место во Лигата на Шампионите. Кјелини постигна два гола во победата над Лацио од 5-2.

Титули[уреди]

Италија Јувентус[уреди]

Италија Италијанска репрезентација[уреди]

Надворешни врски[уреди]