Деле Алпи
| Стадион Деле Алпи | |
|---|---|
| Локација | Торино Италија |
| Изграден | 1988 |
| Отворен | 1990 |
| Затворен | 2006 |
| Срушен | 2009 |
| Сопственик | градот Торино |
| Играат | Торино (1990-2006) Јувентус (1990-2006) |
| Капацитет | 69.000 |
Стадион Деле Алпи или само Деле Алпи бил фудбалски стадион во Торино, Италија. На него од 1990 до 2006 година настапувале двата клуба од градот, Јувентус и ФК Торино. Во превод на македонски името на стадионот би значело, Стадион на Алпите, а името го добил поради тоа што самиот град Торино има поглед кон Алпите.
Во 2006 година стадионот бил и официјално затворен, а во 2009 година бил целосно срушен и на негово место е изграден нов стадион, Јувентус Стадион, кој бил завршен во 2011 година. Истата година кога бил затворен Деле Алпи, Јувентус и Торино се селат на Олимпико кој во 2006 бил преуреден поради Зимските олимписки игри, кој се одржале токму тука во Торино.
Во 1990 година Деле Алпи бил за првпат отворен пред почетокот на Светското првенство во фудбал 1990 година поради кое и бил изграден овој стадион. Првично, капацитетот на стадионот бил 69.041, но поради барањата на ФИФА за безбедност, капацитетот бил намален на 67.229 места. Многумина биле незадоволни со големата оддалеченост на трибините од теренот како и од атлетската патека, која го опкружувала стадионот, па така било одлучено да се изгради нов стадион, кој би бил попристапен за сите и кој на навивачите би им пружил подобро чувство за следење на натпреварите.
Торино по изградбата на новиот Јувентус Стадион, останува да игра на Олимпико, додека Јувентус станува првиот клуб во Италија кој има свој сопствен стадион во целосна сопственост, за разлика од останатите клубови, кои играат на стадиони кои ги поседуваат градовите.
Надворешни врски[уреди]
|
|||||