Марк ван Бомел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марк ван Бомел
Mark van Bommel 2.jpg
Лични податоци
Полно име Марк Петер Гертруда
Андреас ван Бомел
Роден на 22 април 1977
Роден во Масбрахт, Холандија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Положба среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 4
Младинска кариера
ФК Масбрахт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1999 ФК Фортуна 153 (13)
1999–2005 ФК ПСВ Ајнтховен 169 (46)
2005–2006 ФК Барселона 24 (2)
2006–2011 ФК Баерн Минхен 123 (11)
2011– ФК Милан 39 (0)
Репрезентација
2000– Холандија 79 (10)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 13 јуни 2012

Марк ван Бомел (роден на 22 април 1977) е холандси фудбалер кој игра на позиција среден ред и во моментот игра во екипата на ПСВ Ејндховен.

Својата кариера ја започнал во родниот град, во тимот на ФК Масбрахт, пред да потпише професионален договор со ФК Фортуна во 1992 година, каде се задржал до 1999 година, кога потпишал за ПСВ. Со тимот на ПСВ станал три пати шампион на Холандија и два пати победник во купот на земјата, а како играч на годината бил избран во 2001 и 2005 година.

По поразот во Лигата на Шампиони во полуфиналето од страна на Милан, тој потпишал за ФК Барселона каде под раководство на неговиот сонародник Франк Рајкард одиграл 23 натпревари и постогнал 2 гола. Со екипата на Барселона станал шампион на Шпанија и Шампион на Европа освојувајќи ја Лигата на шампионите.

Во 2006 година потпишал за Баерн Минхен, каде станал првиот странец кој станал капитен на тимот од Минхен.

Во 2011 година потпишал за италијанскиот Милан, каде во сезоната 2010/2011 станал шампион на Италија.