ФК Јувентус сезона 2011-2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јувентус Јувентус
сезона 2011–2012
СопственикИталија Андреа Ањели
ТренерИталија Антонио Конте
Серија АСкудето 1-ви
(28. титула)
Куп на Италијафинале
Најдобар стрелецЛига:
Италија Алесандро Матри (10)
Вкупно:
Италија Алесандро Матри
Италија Клаудио Маркизио
Црна Гора Мирко Вучиниќ (10)
Домаќин
Гост
фinco
Трети

Сезоната 2011-12 на фудбалскиот клуб Јувентус беше неговата 114-та во историјата и петта по ред во Серија А.

Дресови[уреди | уреди извор]

За оваа сезона 2011-12 дресовите на Јувентус беа направени од страна на Најк, додека главен спонзор на предната страна од дресот беше BetClic. Дресовите официјално се претставени на 6 јули 2011-та. Домашниот дрес според зборовите на претседателот на клуботги претставува традиционалните бои на клубот, црно-белите, со 3D ефекти. Гаќиците на домашниот дрес беа со бела боја за разлика од минатата сезона кога биле црни, додека гостинскиот дрес на екипата беше со розова боја и со голема црна ѕвезда на предната страна. Розовата боја на дресовите ја означуваше бојата на првите вистински дресови кој клубот ги имал на почетокот на 20 век, а имале токму розова боја. Броевите на играчите официјално се претставени на 20 август.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Јувентус во новата сезона тргна со нов тренер, Антонио Конте, откако Лујџи Дел Нери заработи отказ по завршувањето на претходната сезона. Исто така, Јувентус во сезоната 2011-12 за првпат игра на својот нов стадион, Јувентус Стадион. Од 2006-тата година клубот настапуваше на Олимпискиот Стадион во Торино.

Стадионот официјално е отворен на 8 септември 2011 а гостина на пријателскиот натпревар беше англискиот Нотс Каунти, најстарата екипа на светот. Поради слабото 7-мо место во Серија А претходната сезона, Јувентус оваа сезона не настапуваше во европските натпреварувања.

Јувентус ја освои титулата во Италијанското првенство на 6 мај 2012, кога со 2-0 беше победен Каљари во Трст, додека нивните најголеми конкуренти за насловот екипата на Милан истиот ден е поразен од Интер во градското дерби. Исто така ова беше единствената сезона во историјата на торинскиот тим во која тие непретрпеа ниту еден пораз цела сезона (Имаа биланс од 23 победи и 15 нерешени). Титулата првак на Италија се враќа во Торино по 2006 година.

Популарните Бјанконери оваа сезона стигнаа и до финалето на Италијанскиот Куп, но поразен се таму од екипата на Наполи во Рим со резултат 2:0. Тоа воедно беше и нивниот единствен пораз во официјални натпревари во оваа сезона.

Заминувањето на легендата[уреди | уреди извор]

Сезоната 2011-12 беше последната во дресот на Јувентус за Алесандро Дел Пјеро, долгогодишниот капитен на клубот, кој дебитираше пред 19 години за клубот, во септември 1993-тата година. Својот последен натпревар популарниот Пинтуричио (Алекс Дел Пјеро) го одигра во финалето на Италијанскиот куп, но вистинското простување од саканиот клуб го направи една седмица порано во последното коло во Серија А за оваа сезона во натпреварот против екипата на Аталанта, кога почна како стартер и постигна погодок во 28-ата минута.

Состав[уреди | уреди извор]

Оваа се играчите кој настапувале за Јувентус во оваа сезона:


Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Џанлујџи Буфон
2 Италија ОД Марко Мота
3 Италија ОД Џорџо Кјелини
4 Уругвај ОД Мартин Касерес
5 Италија СР Микеле Пациенца
6 Италија ОД Фабио Гросо
7 Италија СР Симоне Пепе
8 Италија СР Клаудио Маркизио
9 Италија НП Винченцо Јакинта
10 Италија НП Алесандро Дел Пјеро (кап)
11 Италија ОД Паоло де Чеље
13 Австрија ГМ Алекс Манингер
14 Црна Гора СР Мирко Вучиниќ
15 Италија ОД Андреја Барцаљи
17 Холандија СР Елјеро Елија
Бр. Позиција Играч
18 Италија НП Фабио Кваљарела
19 Италија ОД Леонардо Бонучи
20 Италија СР Симоне Падоин
21 Италија СР Андреја Пирло
22 Чиле СР Артуро Видал
23 Италија НП Марко Бориело
24 Италија СР Емануеле Џакерини
26 Швајцарија ОД Стефан Лихтштајнер
27 Србија СР Милош Красиќ
28 Парагвај СР Марсело Естигарибија
30 Италија ГМ Марко Сторари
32 Италија НП Алесандро Матри
33 Данска ОД Фредерик Соренсен
34 Италија СР Лука Мароне

играчите во италик го напуштија тимот во текот на сезоната

Завршна табела[уреди | уреди извор]

P W D L F A GD Pts
Шампион 1 Јувентус 38 23 15 0 68 20 +48 84
ЛШ 2 Милан 38 24 8 6 74 33 +42 80
ЛШ Кв. 3 Удинезе Калчо 38 18 10 10 52 35 +17 64
Европа Л. 4 Лацио 38 18 8 12 56 47 +9 62
Европа Л. 5 Наполи 38 16 13 9 66 46 +20 61
Европа Л. 6 Интер 38 17 7 14 58 55 +3 58
  7 Рома 38 16 8 14 60 54 +6 56
  8 Парма 38 15 11 12 54 53 +1 56
  9 Болоња 38 13 12 13 41 43 −2 51
  10 Кјево 38 12 13 13 35 45 -10 49
  11 Катанија 38 11 15 12 47 52 −5 48
  12 Аталанта 38 13 13 12 41 43 -2 46*
  13 Фјорентина 38 11 13 14 37 43 −6 46
  14 Сиена 38 11 11 16 45 45 0 44
  15 Каљари 38 10 13 15 37 46 −9 43
  16 Палермо 38 11 10 17 52 62 −10 43
  17 Џенова 38 11 9 18 50 69 −19 42
Испаѓа 18 Лече 38 8 12 18 40 56 −16 36
Испаѓа 18 Новара 38 7 11 20 35 65 −30 32
Испаѓа 18 Чезена 38 4 10 24 24 60 −36 22
  • Аталанта почна со казна од -6 бодови

Натпревари[уреди | уреди извор]






































Куп на Италија[уреди | уреди извор]

Фаза-Најдобрите 16[уреди | уреди извор]

Четвртфинале[уреди | уреди извор]

Полуфинале[уреди | уреди извор]


Финале[уреди | уреди извор]

Список на стрелци[уреди | уреди извор]

Интересно е тоа што во сезоната 2011-2012 дури 19 фудбалери на Јувентус успеаа да постигнат погодок во Серија А. Еве ја комплетната список на стрелците:

Позицја Земја Број Име Серија А Куп на Италија Вкупно
Напаѓач 32 Матри 10 0 10
Среден ред 8 Маркизио 9 1 10
Напаѓач 14 Вучиниќ 9 1 10
Среден ред 22 Видал 7 0 7
Среден ред 7 Пепе 6 0 6
Напаѓач 10 Дел Пјеро 2 2 4
Напаѓач 18 Кваљарела 4 0 4
Одбрана 4 Касерес 1 2 3
Среден ред 21 Пирло 3 0 3
Среден ред 24 Џакерини 1 2 3
Напаѓач 23 Бориело 2 0 2
Одбрана 26 Лихтштајнер 2 0 2
Одбрана 19 Бонучи 2 0 2
Одбрана 3 Кјелини 2 0 2
Среден ред 28 Естигарибија 1 0 1
Среден ред 27 Красиќ 1 0 1
Одбрана 11 де Чеље 1 0 1
Среден ред 20 Падоин 1 0 1
Среден ред 34 Мароне 1 0 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Натпреварот беше првично закажан за 6 ноември, но беше одложен за 29 ноември поради поплавениот терен во Неапол.