Суперкуп на Италија 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперкуп на Италија 2012
по продолженија
Датум11 август 2012
СтадионНационален Стадион во Пекинг, Пекинг, Кина
Играч на
натпреварот
Мирко Вучиниќ (Јувентус)
СудијаПаоло Мацолени
2011
2013

Суперкупот на Италија 2012 беше 25-тото издание на Суперкупот во оваа земја, фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Италијанскиот куп.

Јувентус се квалификуваа откако ја освоја титулата во Серија А во сезонта 2011-2012, додека Наполи во овој натпревар влезе како освојувач на Купот на Италија во 2012 година.

Преглед на натпреварот[уреди | уреди извор]

Натпреварот се одигра на Националниот стадион во Пекинг, а главен судија на мечот беше Паоло Мацолени. Натпреварот беше многу динамичен и интерсен. Прв во водство дојде Наполи кога по одличната топка на нашиот репрезентативец Горан Пандев, Единсон Кавани реализира противнапад за водство од 1-0. Во 37-мата минута Јувентус возврати и израмни на 1-1 по прекрасниот волеј-удар на Квадво Асамоа на асистенција на Артуро Видал. Пред крајот на првото полувреме Наполи се враќа во водство и сега води со 2-1 откако Пандев ја прочита намерата на Бонучи, му ја одзема топката и го лобуваше Буфон. Во второто полувреме долго стоеше овој резултат, сè до моментот кога Кампањаро не го фаулираше Вучиниќ во својот шесттнаесетник. Пеналот го изведе Видал и израмни на 2-2 во 74-тата минута. Во финишот од мечот започнува да се чувствува тензијата па така двајца играчи на Наполи го завршуваат натпреварот предвреме. Исклучени од игра беа:Пандев (поради приговор) и Зуњига (поради втор жолт картон). Набрзо по нив во соблекувалната на Наполи замина и тренерот на екипата Валтер Маѕари кој влезе во вербална расправа со судиите. По 90-те минути натпреварот завшува 2-2, што значи дека следат продолженија.

Бројчената предност на теренот Јуве ја користи веќе во првото продолжение кога по центрираната топка на Пирло, Маџо си постигна автогол и го носи Јувентус во прво водство на натпреварот. Само четири минути подоцна Мирко Вучиниќ ги постави конечните 4-2 со погодок во 101-вата минута од натпреварот на асистенција на Клаудио Маркизио.

По завршувањето на мечот екипата на Наполи одлучи да не остане на церемонијата на доделувањето на трофеите, во знак на незадоволството на клубот од арбитражата на главнио судија Мацолени.

Детаљи од мечот[уреди | уреди извор]

11 август 2012
20:00 во 14 часот по мак. време
Јувентус 4 – 2 по продолженија Наполи Национален Стадион во Пекинг, пекинг
Судија: Паоло Мацолени
Асамоа гол 37'
Видал гол 74'
Маџо гол 97' (аг.)
Вучиниќ гол 101'
Кавани гол 27'
Пандев гол 41'
Јувентус
Наполи
ЈУВЕНТУС:
GK 1 Италија Џанлуиџи Буфон (к)
RB 15 Италија Андреја Барцаљи
CB 19 Италија Леонардо Бонучи добил жолт картон во 112-тата минута 112'
LB 2 Бразил Лусио
DM 23 Чиле Артуро Видал
DM 8 Италија Клаудио Маркизио
RW 26 Швајцарија Стефан Лихтштајнер добил жолт картон во 78-мата минута 78' заменет 89'
LW 22 Гана Квадво Асамоа
SS 21 Италија Андреја Пирло
CF 32 Италија Алесандро Матри заменет 46'
CF 12 Италија Себастијан Џовинко добил жолт картон во 90+3-тата минута 90+3' заменет 116'
Резерви:
GK 30 Италија Марко Сторари
DF 11 Италија Паоло де Чеље
MF 20 Италија Симоне Падоин влегол во игра 89'
MF 24 Италија Емануеле Џакерини влегол во игра 116'
MF 39 Италија Лука Мароне
FW 9 Црна Гора Мирко Вучиниќ влегол во игра 46'
FW 27 Италија Фабио Кваљарела
Тренер:
Италија Масимо Карера
НАПОЛИ:
GK 1 Италија Морган Де Санктис
RB 14 Аргентина Уго Кампањаро
CB 28 Италија Паоло Канаваро (к) добил жолт картон во 52-рата минута 52' заменет 62'
LB 5 Уругвај Мигел Бритос добил жолт картон во 32-рата минута 32'
DM 85 Швајцарија Валон Бехрами добил жолт картон во 53-тата минута 53'
DM 17 Словачка Марк Хамшик заменет 67'
AM 88 Швајцарија Гокан Инлер заменет 106'
RW 11 Италија Кристијан Маџо
LW 18 Колумбија Хуан Камило Зуњига Yellow cardYellow cardRed card 78', 90+3'
SS 19 Македонија Горан Пандев Red card 85'
CF 7 Уругвај Едисон Кавани добил жолт картон во 64-тата минута 64'
Резерви:
GK 22 Италија Антонио Росати
DF 6 Италија Салваторе Ароника
DF 8 Италија Андреа Досена влегол во игра 106'
DF 21 Аргентина Федерико Фернандес влегол во игра 62'
MF 23 Уругвај Валтер Гаргано влегол во игра 67'
FW 9 Чиле Едуардо Варгас
FW 24 Италија Лоренцо Инсиње
Тренер:
Италија Валтер Маѕари Red card 90+3'

Судии на мечот

  • Асистенти судии:
    • Ренато Фаверани
    • Андреа Стефани
  • Четврти судија: Мауро Бергонци

Правила на мечот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Седум повикани резерви
  • Три максимум замени.