Емануеле Џакерини
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 5 мај 1985 | ||
| Роден во | Бибиена, Италија | ||
| Висина | 1,67 м | ||
| Положба | Крило | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Јувентус | ||
| Број | 24 | ||
| Младинска кариера | |||
| ФК Чезена | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2004–2011 | Чезена | 97 | (20) |
| 2004-2005 | →Форли (позајмен) | 22 | (1) |
| 2005–2007 | →Белариа Игеа (позајмен) | 37 | (3) |
| 2007-2008 | →Павиа (позајмен) | 28 | (9) |
| 2011- | Јувентус | 23 | (1) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2012- | Италија | 2 | (0) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 6 јануари 2011. † Appearances (Goals). |
|||
Емануеле Џакерини (роден во Бибиена, 5. мај 1985.) е италијански фудбалер кој моментно игра за тимот на Јувентус. Примарно игра на крилните позиции во средниот ред, но низ годините има играно на разни позиции од напаѓач, во дресот на Чезена, до централен играч за врска на средината на теренот, по доаѓањето во Јувентус на барање на тренерот Антонио Конте.
Содржина |
Клупска кариера [уреди]
Чезена [уреди]
Роден во Тоскана, Џакерини својата професионална кариера ја започнува во тимот на Чезена, клуб од регионот, Ромања. Во 2004-тата година тој е пратен на позајмица во клубови од Лега Про лигата, Форли, Белариа Игеа и Павиа. Во 2008.-ата кога Чезена испаѓа од Лега Про, т.е. третата лига по ранг во италијанскиот фудбал Џакерини се враќа во својот матичен клуб и соработува во нападот со Симоне Мота.
Чезена во 2009.-тата година се враќа во Серија Б. Во сезоната 2009/10 Чезена заврши на 2. место во Серија Б со еден бод помалку од Лече и изборува промоција во највисокиот ранг во италијанскиот фудбал, односно Серија А. Тоа беше можност и за самиот Џакерини да се испроба во елитниот фудбал.
Во сезоната 2010/11 во која Чезена игра во првата лига, Џакерини беше еден од најдобрите играчи во тимот. Тој постигна 7 гола во 36 мела, вклучувајќи ги и погодоците против Милан во победата од 2-0 и голот против Интер во поразот од 2-3.
Јувентус [уреди]
На 25 август 2011. Џакерини и официјално преоѓа во Јувентус. Јуве откупи половина од неговиот договор за 3 милиони евра. Тој дебитира веќе во првиот натпревар во сезоната против Парма.
Својот прв погодок за Бјанконерите го постигнува во Coppa Italia, во натпреварот против Болоња, на 8 август 2011. со соло продор со кој успеа да се ослободи од неколку играчи и му донесе предност на Јувентус на неколку минути пред крајот. Натпреварот заврши со победа на неговиот тим од 2-1. Својот прв гол во Серија А, во новиот дрес го постигна на 21 јануари 2012. во гостинската победа над Аталанта, со преубав волеј удар. На крајот од сезоната 2011/2012 Џакерини со Јувентус станува првак на Италија и се закитува со своето прво Скудето во кариерата.
Титули [уреди]
Јувентус [уреди]
- Серија А (2) : 2011-12, 2012-13
- Суперкуп на Италија : 2012
Надворешни врски [уреди]
|
|||||
|
|||||||