Себастијан Ларсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Себ Ларсон
Sebastian Larsson
Seb Larsson free kick.jpg
Лични податоци
Роден на 6 јуни 1985 (1985-06-06) (28 г.)
Роден во Ескилстуна[1], Шведска
Висина &100000000000001780000001,78 м
Положба десно крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Сандерленд Сандерленд
Број 7
Младинска кариера
Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2007 Арсенал 3 (0)
2006–2007 Бирмингем Сити (позајмен) 27 (1)
2007–2011 Бирмингем Сити 157 (18)
2011- Сандерленд 91 (8)
Репрезентација
2007- Шведска 44 (5)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Себастијан Бенгт Улф Ларсон (роден на 6 јуни 1985) е шведски фудбалер кој игра во англиската Премиер лига за екипата на Сандерленд и шведската фудбалска репрезентација.

Кариера[уреди]

По почетокот на неговата кариера во клубот од родниот град, ИФК Ескилстуна, Ларсон набрзо бил забележан од скаут на Арсенал, додека играл за својата репрезентација.

Тој направил три настапи за Арсенал, пред влезот во Бирмингем Сити, најпрво на заем во сезоната 2006-07, пред да направи постојан трансфер во текот на летото на 2007 година. Ларсон поминал пет години во Бирмингем, доживеал промоција во, и испаѓање од, Премиер лигата во два наврати. Тој му се приклучил на Сандерленд на 1 јули, 2011 откако неговиот договор со Бирмингем кој одново претрпел испаѓање истекол. Ларсон е познат и по одличното изведување на слободните удари, за кое некои го нарекуваат специјалист. Токму по еден негов гол од слободен удар против Арсенал на 16 октомври 2011, Арсен Венгер изјавил за својот поранешен фудбалер дека е можеби најдобриот изведувач на слободни удари во првенството.[2]

Титули[уреди]

Англија Бирмингем Сити[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]