Матијас Сванберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Матијас Сванберг
Лични податоци
Полно име Матијас Олоф Сванберг
Роден на 5 јануари 1999(1999-01-05)(25 г.)
Роден во Малме, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Болоња Болоња
Број 32
Младинска кариера
Малме Малме
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2018 Малме Малме 36 (5)
2018– Болоња Болоња 82 (6)
Репрезентација
2015-2016 Шведска Шведска 17 20 (2)
2016-2018 Шведска Шведска 19 7 (1)
2017-2019 Шведска Шведска 21 14 (3)
2019- Шведска Шведска 9 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Матијас Сванберг (роден на 5 јануари 1999) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Болоња и на шведската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Малме во 1999 година. Тој е син на Бо Сванберг, поранешен шведски хокеар.[1]

Матијас е верен со Алис Магнусон, фудбалерка на женскиот тим на Болоња.[2]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Внатрешен играч за врска,[3] кој може да игра и како крило.[3] Тој е физички силен играч,[3] опремен со добра техника[3] и добар во уфрлувањата напред од втор план.[3] Исто така, често знае да биде и асистент при погодоците на неговите екипи.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци и Малме[уреди | уреди извор]

Матијас го започнал својот фудбалски пат во екипата на Бункефло ИФ, клуб од Малме, кој од 1 јануари 2008 година станал ИФ Лимхамн Бункефло по спојувањето со екипата на Лимхамн.

Пред почетокот на сезоната 2013 година, тој му се приклучил на младинскиот сектор на Малме. На 7 јуни 2015 година, на 16-годишна возраст, тој за првпат се нашол на клупата за резерви за првиот тим на Малме во нивниот натпревар на домашен терен против Јургорден.[4] Во текот на истата сезона, поточно на 8 ноември, тој го направил својот прв официјален настап за првиот тим на Малме играјќи во Купот на Шведска против аматерите ИФ Гетене.[5]

На 4 март 2016 година, 17-годишниот Сванберг потпишал четиригодишен договор со Малме.[6] На 28 мај истата година, тој го имал своето деби во Алсвенскан лигата, влегувајќи како замена на местото на Видар Ерн Кјартансон во 82-рата минута од натпреварот Естерсунд - Малме (1-4), во 12-тото коло од првенството.[7] Својот прв погодок го постигнал на 25 септември 2016 година, во дербито на Сканија, кое небесно-сините го добиле со 2-0 на домашен терен против Хелсингборг.[8] Во натпреварот со кој математички играчите на Малме си ја осигурале националната титула, на гостувањето кај веќе испаднатиот Фалкенберг одигран на 26 октомври 2016 година, Сванберг постигнал гол и забележал асистенција во победата со 0-3.[9]

Во сезоната 2017, Сванберг добил позначајна улога во екипата и со 18 настапи и еден гол придонел за освојувањето на втората првенствена титула со Малме. Во сезоната 2018, Сванберг станал постојан стартер и бил еден од само двајцата играчи кои настапиле на секој натпревар за време на пролетниот дел од првенството пред тој да го напушти клубот во летото 2018.

Болоња[уреди | уреди извор]

На 5 јули 2018 година, тој се преселил во Италија каде потпишал за екипата на Болоња, во трансфер вреден 5 милиони евра.[10] Дебитирал во Серија А на 16 септември 2018, влегувајќи како замена од клупата за резерви во поразот со 1-0 на гостувањето кај Џенова. Својата прва сезона во италијанскиот клуб ја завршил со 23 настапи во првенството и еден во купот, но без постигнат погодок.

Својот прв гол во дресот на Болоња го постигнал во последното коло од сезоната 2019-2020 во Серија А, во ремито 1-1 на домашен терен против Торино.[11] Тој станал многу важна алка во екипата на тренерот Синиша Михајловиќ во сезоната 2020-2021, кога одиграл 34 натпревари во првенството и постигнал 5 голови, вклучувајќи ги и двата во победата со 4-1 на Дал'Ара против Специја.[12]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Откако настапувал за репрезентациите на Шведска под 17 и под 19 години, тој го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата под 21 година започнувајќи како стартер во двобојот против Кипар кој завршил со победа на швеѓаните со 4-1.[13]

На 12 ноември 2018, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација за натпреварите против Турција и Русија,[14][15] но не играл во ниту едниот од тие два натпревари.

Следната година, тој се вратил во составот на Шведска откако бил повикан за натпреварите против Романија и Фарски Острови;[16] против втората репрезентација го направил своето деби на 18 ноември 2019 и исто така го пронашол патот до мрежата на противникот реалзирајќи го својот прв гол за сениорската репрезентација во победата со 3-0.[17]

Во летото 2021, Сванберг за првпат во кариерата бил повикан да настапи на некое големо натпреварување, откако се нашол во составот на Шведска од 26 играчи за Европското првенство 2020, но не забележал ниту еден настап на турнирот.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-11-2019 Солна Шведска Шведска 3 – 0 Фарски Острови Фарски Острови Квал. за Евро 2020 1 добил жолт картон во 45-тата минута 45'
8-9-2020 Солна Шведска Шведска 0 – 2 Португалија Португалија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - влегол во игра 79'
9-10-2020 Москва Русија Русија 1 – 2 Шведска Шведска Пријателска -
11-11-2020 Брондби Данска Данска 2 – 0 Шведска Шведска Пријателска - добил жолт картон во 76-тата минута 76'
25-3-2021 Солна Шведска Шведска 1 – 0 Грузија Грузија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 73'
28-3-2021 Приштина Косово Косово 0 – 3 Шведска Шведска Квал. за СП 2022 - влегол во игра 90'
31-3-2021 Стокхолм Шведска Шведска 1 – 0 Естонија Естонија Пријателска - добил жолт картон во 80-тата минута 80'
29-5-2021 Солна Шведска Шведска 2 – 0 Финска Финска Пријателска - заменет 77'
5-6-2021 Солна Шведска Шведска 3 – 1 Ерменија Ерменија Пријателска - влегол во игра 72'
Вкупно Настапи 9 Голови 1

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 2 јули 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015 Шведска Малме АС 0 0 КШ 1 0 - - - - - 1 0
2016 АС 6 2 КШ 1 0 - - - - - 7 2
2017 АС 18 1 КШ 1 0 ЛШ 2 0 - - - 21 1
2018 АС 12 2 КШ 6 1 ЛШ 0 0 - - - 18 3
Вкупно Малме 36 5 9 1 2 0 - - 47 6
2018-2019 Италија Болоња А 23 0 КИ 1 0 - - - - - - 24 0
2019-2020 А 25 1 КИ 2 0 - - - - - - 27 1
2020-2021 А 34 5 КИ 1 0 - - - - - - 35 5
2021-2022 А 0 0 КИ 0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно Болоња 82 6 4 0 - - - - 86 6
Вкупно во кариерата 118 11 13 1 2 0 0 0 133 12

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Шведска Малме[уреди | уреди извор]

2016, 2017

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Guldfamiljen: "Är så stolt över honom nu". www.expressen.se (шведски). Посетено на 2020-08-26.
  2. www.1000cuorirossoblu.it, уред. (2020-01-20). „Ufficiale, il Bologna femminile tessera la svedese Alice Magnusson“. Посетено на 2020-01-29.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Francesco Cucinotta. „Fantacalcio Serie A 2018/19: alla scoperta di… Mattias Svanberg“. MondoSportivo.it (италијански). Посетено на 2019-11-18. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  4. skd.se, уред. (6 giugno 2015). „16-åring får chansen i Malmö FF:s trupp“. Архивирано од изворникот на 6 јуни 2015. Посетено на 11 септември 2017. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |lаnguage= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Trygg vinst mot Götene IF gav cupavancemang“ (шведски). 8 ноември 2015. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  6. „Officiellt: Malmö FF förlänger med Mattias Svanberg“ (шведски). 4 март 2016.
  7. „Östersunds FK 1 - 4 Malmö FF“ (шведски). 28 мај 2016.
  8. „Malmö FF 2 - 0 Helsingborgs IF“ (шведски). 25 септември 2016.
  9. „Falkenbergs FF 0 - 3 Malmö FF“ (шведски). 26 октомври 2016.
  10. „La carriera di Svanberg - Tutto Bologna Web“ (италијански). Tutto Bologna Web. 2018-07-05. Архивирано од изворникот на 2021-01-23. Посетено на 2018-07-06.
  11. „Le pagelle di Bologna-Torino 1-1: Zaza che gol, Medel grande prova in difesa“. 2020-08-02. Посетено на 2020-08-14.
  12. „Bologna, poker allo Spezia con super Svanberg: ora la salvezza è ad un passo“ (италијански). gazzeta.it. 2021-04-18. Посетено на 2021-07-02.
  13. „TV: Drömstart för nya U21 - Strandberg med hattrick“ (шведски). 5 септември 2017.
  14. „Prima convocazione in Nazionale maggiore per Mattias Svanberg“. 12 ноември 2018. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 13 ноември 2018.
  15. „Svanberg, prima convocazione con la Nazionale maggiore“. 12 ноември 2018. Посетено на 2019-11-09.
  16. Предлошка:Citе web
  17. „TV: Drömdebut för Mattias Svanberg i landslaget - nätade mot Färöarna“ (шведски). Посетено на 2019-11-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]