Специја Калчо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Специја
160px
Целосно име Специја Калчо
Основан 1906
2008 (реоснован)
Терен Алберто Пико стадион
Ла Специја, Италија
(Капацитет: 10,336)
Сопственик Габриеле Волпи
Претседател Италија Матео Волпи
Тренер Италија Џовани Стропа
Лига Серија Б
2012–13 Серија, 13-ти
Веб страна Официјално мрежно место
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Домашни бои
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Гостински бои
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Специја Калчо е фудбалски клуб со седиште во градот на Ла Специја. Во моментов се натпреварува во Серија Б лигата.

Историјата на клубот датира од 1906 кога тој е формиран и тие своите натпревари ги играат на Алберто Пико стадионот низ речиси целата своја историја. Корпоративната боја на клубот е белата, па така и нивниот прв дрес е со бела боја додека гаќиците и чорапите традиционално се со црна боја.

Тековниот клуб бил повторно формиран на 17 јули 2008, благодарение на градоначалникот на градот Масимо Федеричи и специјален комитет на градскиот совет составен од четири директори на главните политички групи на мнозинството и опозицијата (Паоло Асти од Форца Италија, Џакомо Гати на Националната алијанса, Џулио Гуери од Демократската партија и Масимо Ломбарди од Комунистичката партија ), со цел да се обезбеди континуитет на традицијата на фудбалот во градот и идеално преземање на диригентската палка на Специја Калчо. Втора цел на ‘’спасителите’’ на клубот била да создат стабилен тим кој ќе бележи добри резултати откако клубот влегол во многу неуспешна серија па на крајот на сезоната 2007-08 на Специја, беше пласирана на 21-вото место во Серија Б, а потоа и испаѓање во Серија Ц1, но овој спортски резултат, сепак, бил фрустриран од неуспехот да се регистрираат за новата Лега Про Прима Дивизионе. Во август на 2008, новиот клуб бил купен од страна на Габриеле Волпи, поранешниот сопственик на Про Реко, и бил примен во Серија Д, лига 1.

Во Куќата на Славните на Фудбалскиот клуб Специја може да се види националната титула освоена во 1944. Овој успех беше официјално призната од страна на FIGC како почесна титула само во 2002, иако клубот е од лигурскиот регион тие всушност никогаш не играле со гореспомената конкуренцијата.

Македонски фудбалери во Специја[уреди]

Во 2002 година, Специја станува партнер на гигантот Интер, како негов фидер клуб. Во летото таа година Интер ги испраќа на заем во Специја подоцнежните македонските репрезентативци Горан Пандев и Ацо Стојков заедно со младиот голаман Алекс Кордаз. На 22 првенствени натпревари во сезоната 2002-03 Пандев постигнал 4 гола, додека Стојков одиграл 14 натпревари без постигнат гол.

Моментален состав[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Италија ГМ Никола Леали
2 Италија ОД Никола Мадона
3 Италија ОД Франческо Миљиоре
4 Италија ОД Андреа Лисуѕо
5 Италија ОД Лука Чекарели
6 Гана ОД Нил Норти Ашонг
7 Италија СР Паоло Самарко
8 Италија СР Андреа Бово
9 Италија НП Марко Сансовини (Кап.)
10 Италија СР Федерик Морети
11 Исланд ОД Хордур Магнусон
12 Словачка ГМ Матеј Возар
13 Италија НП Патрик Циуриа
14 Сенегал ОД Бала Фаје
15 Хрватска СР Антонини Чулина
16 Италија ОД Пјетро Чекарони
Бр. Нац. Позиција Играч
17 Чиле СР Фелипе Сејмур
18 Нигерија НП Езекиел Хенти
19 Италија СР Алесандро Кароца
20 Италија НП Никола Ферари
21 Нигерија НП Осаримен Ебагва
22 Италија ГМ Алекс Валентини
23 Уругвај СР Николас Албарацин
24 Италија НП Андреа Кателани
25 Италија ОД Ивано Балданѕеду
26 Хрватска СР Миховил Клапан
27 Аргентина СР Емануел Ривас
28 Италија ОД Мартино Боргезе
29 Бразил СР Габриел Апелт
31 Хрватска СР Мислав Оршиќ
32 Италија НП Габриеле Пасамонти
33 Италија ГМ Валерио Вимеркати

Титули[уреди]

Надворшни врски[уреди]