Прејди на содржината

Јивли Минаре

Координати: 36°53′11″N 30°42′16″E / 36.88639° СГШ; 30.70444° ИГД / 36.88639; 30.70444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Аладин
Поглед кон минарето.
Основни податоци
МестоАнталија, Турција
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилСелџучка архитектура
Завршен1230/1373
Особености
Висина на минарето38 м
Материјаликамен, тула

Џамија Аладин, Јивли Минаре или Улу џамија (турски: Ulu Cami, „Голема џамија“) — џамија која се наоѓа во Анталија, Турција. Оваа историска џамија била изградена во времето на анадолскиот селџучки султан Кајкубад I. Џамијата се наоѓа во Калеичи (центарот на стариот град) по должината на улицата Кумхуриет, веднаш до Калекаписи Мејдани. Самото минаре на џамијата е украсено со темносини плочки и претставува обележје и симбол на градот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Џамијата била за првпат изградена во 1230 година[1] и целосно реконструирана по вторпат во 1373 година. Минарето е високо 38 метри и е изградено на квадратна камена основа[2].

Првата зграда (1230) била изградена околу 1225-7, за време на владеењето на селџучкиот султан Кајкубад I (1220-1237)[3]. Оригиналната џамија била уништена во 14 век, а во 1373 година од страна на Хамидите била изградена нова џамија на основа на византиската црква[4]. Со своите шест куполи, таа претставува еден од најстарите примери на мулти-куполна конструкција во Анадолија.

Денес во зградата е сместен Етнографскиот музеј во Анталија и содржи облека, кујнски прибор, таписерии и разбои, чорапи, вреќи, килими, украси и номадски шатори. Таа била отворена за јавноста во 1974 година.

  1. Ring, Watson & Schellinger 1995, стр. 38.
  2. Hillenbrand 1994, стр. 163.
  3. Crane 1993, стр. 8.
  4. Bloom & Blair 2009, стр. 142.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • „Yivli Minaret Complex“. Archnet. Архивирано од изворникот на 2019-01-07.
  • Pictures of the mosque Архивирано на 4 март 2016 г.
  • Јивли МинареStructurae (англиски)

36°53′11″N 30°42′16″E / 36.88639° СГШ; 30.70444° ИГД / 36.88639; 30.70444