Прејди на содржината

Чардаклија

Координати: 41°46′58″N 22°11′12″E / 41.78278° СГШ; 22.18667° ИГД / 41.78278; 22.18667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 15:29, 14 февруари 2022; направена од Ehrlich91 (разговор | придонеси) (Одбиени последните 2 промени (од A.Vanev) и ја поврати преработката 4716719 на Ehrlich91)
Чардаклија

Куќи во Чардаклија

Чардаклија во рамките на Македонија
Чардаклија
Местоположба на Чардаклија во Македонија
Чардаклија на карта

Карта

Координати 41°46′58″N 22°11′12″E / 41.78278° СГШ; 22.18667° ИГД / 41.78278; 22.18667
Општина Штип
Население 922 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Шифра на КО 30068
Надм. вис. 360 м
Чардаклија на општинската карта

Атарот на Чардаклија во рамките на општината
Чардаклија на Ризницата

Чардаклија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

Чардаклија се наоѓа источно од Штип и е оддалечена седум километри од Штип. Селото е на регионалниот пат Штип - Кочани и е поделено на два дела од истиот. Инаку селото е поделено на горно и долно маало. Горното маало е од страната на Штип, а долното мало од страната на Кочани. Чардаклија се наоѓа помеѓу населбата Македонка (Свињогојство) и селото Балван. На периферијата на селото поминува реката Брегалница.

Сателитски поглед на Чардаклија

Историја

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чардаклија живееле 36 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чардаклија имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Населението во Чардаклија е составено од Македонци и Власи.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 922 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 878
Албанци 0
Турци 8
Роми 0
Власи 36
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 199
1953 298 6 ... 304
1961 426 3 15 ... ... ... 80 524
1971 485 11 12 5 ... 1 ... 62 576
1981 647 18 20 47 2 ... 19 753
1991 732 13 11 67 1 22 846
1994 789 17 10 49 1 7 873
2002 878 8 36 922

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2290 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 228 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[8]
  • Бунарче — населба од доцноантичко време;
  • Манастирче — црква од ранохристијанско[9] време и среден век;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 230. ISBN 954430424X.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 136-137.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Ранохристијанска црква откриена на археолошкото наоѓалиште Манастирче

Надворешни врски