Список на претседатели на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Претседателството на Македонија започнало со Декларацијата за независност од СФР Југославија на 8 септември 1991 година. Функцијата Претседател на Република Македонија е воведена со Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991 година.

Социјалистичка Република Македонија[уреди | уреди извор]

Партија

      СКМ/КПМ       Независен

Status
  Вршител на должност
# Име
(роден–починал)
Слика Мандат Политичка партија
Претседател на Иницијативниот Комитет на АСНОМ
1943–1944
1 Методија Андонов - Ченто
(1902–1957)
Čento-vsv.jpg 1 октомври 1943 2 август 1944 Комунистичка партија на Македонија
Претседател на АСНОМ
1944–1945
Методија Андонов - Ченто
(1902–1957)
Čento-vsv.jpg 2 август 1944 1 јануари 1945 Комунистичка партија на Македонија
Претседатели на Президиумот на Народното Собрание
1945–1953
Методија Андонов - Ченто
(1902–1957)
Čento-vsv.jpg 1 јануари 1945 15 март 1946 Комунистичка партија на Македонија
Димитар Несторов
(1890–1968)
No image.png 16 март 1946 30 декември 1946 Комунистичка партија на Македонија
2 Благоја Фотев
(1900–1993)
Богоја Фотев.jpg 1947 4 јануари 1951 Комунистичка партија на Македонија
Видое Смилевски
(1915–1979)
Vidoe Smilevski.jpg 4 јануари 1951 1953 Комунистичка партија на Македонија
во 1952 преименувана во
Сојуз на комунистите на Македонија
Претседатели на Народното Собрание
1953–1974
3 Димче Стојанов
(1910–1991)
No image.png 1953 19 декември 1953 Сојуз на комунистите на Македонија
4 Лазар Колишевски
(1914–2000)
Lazar Koliševski, foto.jpg 19 декември 1953 26 јуни 1962 Сојуз на комунистите на Македонија
5 Љупчо Арсов
(1910–1986)
Ljupčo Arsov.jpg 26 јуни 1962 24 јуни 1963 Сојуз на комунистите на Македонија
6 Видое Смилевски
(1915–1979)
Vidoe Smilevski.jpg 25 јуни 1963 12 мај 1967 Сојуз на комунистите на Македонија
7 Мито Хаџивасилев
(1921–1968)
Mito Jasmin.gif 12 мај 1967 1 август 1968 Сојуз на комунистите на Македонија
8 Никола Минчев
(1915–1997)
No image.png 23 декември 1968 6 мај 1974 Сојуз на комунистите на Македонија
Претседатели на Претседателството
1974–1991
9 Видое Смилевски
(1915–1979)
Vidoe Smilevski.jpg 6 мај 1974 31 октомври 1979 Сојуз на комунистите на Македонија
10 Љупчо Арсов
(1910–1986)
Ljupčo Arsov.jpg 31 октомври 1979 29 април 1982 Сојуз на комунистите на Македонија
11 Ангел Чемерски
(1923–2005)
Ангел Чемерски.jpg 29 април 1982 29 април 1983 Сојуз на комунистите на Македонија
12 Благоја Талески
(1924–2001)
No image.png 29 април 1983 29 април 1984 Сојуз на комунистите на Македонија
13 Томе Буклески
(1921–)
No image.png 29 април 1984 26 април 1985 Сојуз на комунистите на Македонија
14 Ванчо Апостолски
(1925–2008)
No image.png 26 април 1985 28 април 1986 Сојуз на комунистите на Македонија
Матеја Матевски
(1929–)
Матеја Матевски.jpg 28 април 1986 30 април 1986 Сојуз на комунистите на Македонија
15 Драгољуб Ставрев
(1932–2003)
No image.png 30 април 1986 мај 1988 Сојуз на комунистите на Македонија
16 Јездимир Богдански
(1930–2007)
No image.png мај 1988 28 април 1990 Сојуз на комунистите на Македонија
17 Владимир Митков
(1931–)
No image.png 28 април 1990 27 јануари 1991 Сојуз на комунистите на Македонија
18 Киро Глигоров
(1917–2012)
KiroGligorov.jpg 27 јануари 1991 18 септември 1991 Независен

Претседатели на независна Македонија[уреди | уреди извор]

Киро Глигоров

Прв претседател на независна Република Македонија. Во негово време и најстар претседател на постоечките држави во светот, се до престанокот на неговиот мандат во 1999 по сила на Уставот. Првиот мандат го добива по пат на гласање во Собранието на Република Македонија. Вториот мандат го добива на непосредни избори. Киро Глигоров не бил во состојба да ја врши функцијата претседател по обидот за атентат врз него во 1995 год. За време на неговата спреченост за вршење на функцијата, вршител на функцијата Претседател на Република Македонија бил Стојан Андов.

Борис Трајковски

За време на мандатот на Претседателот Борис Трајковски во Република Македонија се случуваат борбени дејствија, во кои безбедносните сили на републиката се борат против недефинирана воена сила. После борбените дејствија доаѓа до промена на уставното уредување на Република Македонија со што Македонија од граѓанска држава на Македонскиот народ и останатите народи станува држава на етничките заедници на Македонците, Албанците и останатите. Претседателот Борис Трајковски го завршува својот мандат после неговата трагична смрт во авионска несреќа под неразјаснети околности, со владиниот авион во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Бранко Црвенковски

Бранко Црвенковски доаѓа на функција Претседател на Република Македонија на вонредните претседателски избори 2004 година организирани после трагичната смрт на претходниот претседател на Република Македонија.

Следува табеларен приказ на македонските претседатели:

Партија

      ЛПМ       ДА       ВМРО-ДПМНЕ       СДСМ       Независен


  Вршител на должност
# Име
(роден–починал)
Слика Избран Мандат Политичка припадност
Претседатели
1991–денес
1 Киро Глигоров
(1917–2012)
KiroGligorov.jpg 1994 18 септември 1991 4 октомври 1995 Независен
Стојан Андов
(1935–)
No image.png 4 октомври 1995 17 ноември 1995 Либерална партија на Македонија
(1) Киро Глигоров
(1917–2012)
KiroGligorov.jpg 17 ноември 1995 19 ноември 1999 Независен
Саво Климовски
(1947–)
No image.png 19 ноември 1999 15 декември 1999 Демократска алтернатива
2 Борис Трајковски
(1956–2004)
BorisTrajkovski1.jpg 1999 15 декември 1999 26 февруари 2004 Внатрешна македонска револуционерна организација

Демократска партија за македонско национално единство
Љупчо Јордановски
(1953–2010)
No image.png 26 февруари 2004 12 мај 2004 Социјалдемократски сојуз на Македонија
3 Бранко Црвенковски
(1962–)
Branko-Crvenkovski.JPG 2004 12 мај 2004 12 мај 2009 Социјалдемократски сојуз на Македонија
4 Ѓорге Иванов
(1960–)
Ǵorge Ivanov 2012-04-27.jpg 2009
2014
12 мај 2009 во служба Внатрешна македонска револуционерна организација

Демократска партија за македонско национално единство

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]