Прејди на содржината

Список на дипломатски односи на Хрватска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Countries which Croatia has diplomatic relations with
Црвено: Хрватска; сино: држави со кои Хрватска има дипломатски односи; сиво: држави со кои Хрватска нема дипломатски односи

Следното е список на земји со кои Хрватска има воспоставено дипломатски односи од прогласувањето независност од страна на хрватскиот парламент на 25 јуни 1991 година.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Хрватска и Словенија прогласиле независност од СФР Југославија на 25 јуни 1991 година. Следниот ден, новонезависните земји меѓусебно се признале.

Во времето на распадот на Југославија, се случувал и распадот на Советскиот Сојуз. Украина и балтичките земји, од кои прва била Литванија, ја признала Хрватска во 1991 година. Сепак, Украина во тоа време била само делумно признаена. И покрај тоа, Украина е првата земја-членка на ОН што ја признала Хрватска.

Меѓународната заедница веднаш не го признале распадот на Југославија или независноста на нејзините конститутивни републики, а во текот на 1991 година започнала Хрватската војна за независност.

Двете земји кои преовладале во дипломатските напори за меѓународно признавање на Хрватска биле Светата столица и Германија. Ватиканската дипломатија како прва во светот на 3 октомври 1991 година објавила дека работела на хрватското меѓународно признавање.[2]

Исланд ја признала хрватската независност на 19 декември 1991 година.[3] Истиот ден, Германија ја објавила својата намера да ја признае Хрватска која требала да стапи на сила на 15 јануари 1992 година. Италија, Шведска и Светата столица, исто така, ги објавиле своите намери за признавање. Светата столица ја признала Хрватска на 13 јануари, а Сан Марино на 14 јануари 1992 година.

На 15 јануари 1992 година, Хрватска била призната од сите 12 членки на Европската економска заедница (претходникот на Европската унија), како и од Австрија, Канада, Бугарија, Унгарија, Полска, Малта, Норвешка и Швајцарија. До крајот на јануари 1992 година, Хрватска била призната од 44 земји. Затоа, 15 јануари во Хрватска се слави како Ден на меѓународно признавање.

Русија ја признала Хрватска во февруари, Јапонија во март, САД во април и Индија во мај 1992 година.

На седницата на Генералното собрание на Обединетите нации одржано на 22 мај 1992 година, со која претседавал саудискиот амбасадор Синан Шихаби, Хрватска, заедно со Словенија и Босна и Херцеговина, била примена за членка во Обединетите нации. Хрватската делегација на ОН ја предводел хрватскиот претседател Фрањо Туѓман. По свечената седница, генералниот секретар на Обединетите нации, Бутрос Бутрос-Гали, испратил делегации од новите земји-членки на ОН до главниот влез на седиштето на ОН, каде на јарболите биле поставени хрватското, словенечкото и босанско-херцеговското знаме. Многу дипломати и илјадници хрватски емигранти присуствувале на церемонијата на подигнување на знамето.[4]

До 31 декември 1995 година, Хрватска била призната од 124 земји.[5] На 9 септември 1995 година, Хрватска и СР Југославија склучиле Договор за меѓусебно помирување кој вклучувал меѓусебно признавање и воспоставиле дипломатски односи на 23 август 1996 година.[6] Меѓу нив се и сите земји-членки на Г20 кои ја признале Хрватска.

Хронологија

[уреди | уреди извор]

Хронолошки преглед на земјите кои воспоставиле дипломатски односи со Хрватска:[7]

Држава Дата
1  Германија 15 јануари 1992
2  Австрија 15 јануари 1992
3  Италија 17 јануари 1992
4  Унгарија 18 јануари 1992
5  Шведска 29 јануари 1992
6  Швајцарија 30 јануари 1992
7  Данска 1 февруари 1992
8  Португалија 3 февруари 1992
9  Лихтенштајн 4 февруари 1992
10  Словенија 6 февруари 1992
 Света Столица 8 февруари 1992
11  Холандија 11 февруари 1992
12  Австралија 13 февруари 1992
13  Латвија 14 февруари 1992
14  Украина 18 февруари 1992
15  Финска 19 февруари 1992
16  Норвешка 20 февруари 1992
17  Нов Зеланд 25 февруари 1992
18  Естонија 2 март 1992
19  Шпанија 9 март 1992
20  Белгија 10 март 1992
21  Парагвај 13 март 1992
22  Литванија 18 март 1992
23 Македонија 30 март 1992
24  Полска 11 април 1992
25  Аргентина 13 април 1992
26  Чиле 15 април 1992
27  Иран 18 април 1992
28  Франција 24 април 1992
29  Луксембург 29 април 1992
30  Малезија 4 мај 1992
31  Кина 13 мај 1992
32  Русија 25 мај 1992
33  ОАР 23 јуни 1992
34  Обединето Кралство 24 јуни 1992
35  Мароко 26 јуни 1992
36  Исланд 30 јуни 1992
37  Малта 30 јуни 1992
38  Индија 9 јули 1992
39  Судан 17 јули 1992
40  Грција 20 јули 1992
41  Молдавија 20 јули 1992
42  Босна и Херцеговина 21 јули 1992
43  САД 11 август 1992
44  Бугарија 13 август 1992
45  Албанија 25 август 1992
46  Турција 26 август 1992
47  Романија 29 август 1992
48  Индонезија 3 септември 1992
49  Тајланд 9 септември 1992
50  Куба 23 септември 1992
51  Белорусија 25 септември 1992
52  Египет 1 октомври 1992
53  Алжир 15 октомври 1992
54  Казахстан 20 октомври 1992
55  Јужна Кореја 18 ноември 1992
56  ЈАР 19 ноември 1992
57  Сингапур 23 ноември 1992
58  Боливија 26 ноември 1992
59  Северна Кореја 30 ноември 1992
60  Катар 5 декември 1992
61  Мексико 6 декември 1992
62  Гватемала 22 декември 1992
Предлошка:Country data Sovereign Military Order of Malta 22 декември 1992[8]
63  Бразил 23 декември 1992
64  Чешка 1 јануари 1993[б 1]
65  Словачка 1 јануари 1993Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; наводите без име мораат да имаат содржина.
66  Нигерија 7 јануари 1993
67  Перу 12 јануари 1993
68  Јемен 17 јануари 1993
69 Предлошка:Country data State of Bahrain 18 јануари 1993
70  Тунис 18 јануари 1993
71  Грузија 1 февруари 1993
72  Кипар 4 февруари 1993
73 Предлошка:Country data Republic of Venezuela 8 февруари 1993
74  Сан Марино 11 февруари 1993
75  Гана 17 февруари 1993
76  Филипини 25 февруари 1993
77  Јапонија 5 март 1993
78  Монголија 10 март 1993
79  Канада 14 април 1993
80  Уругвај 4 мај 1993
81  Саун Томе и Принсип 23 мај 1993
82  Танзанија 2 јули 1993
83  Того 20 декември 1993
84 Предлошка:Country data Western Samoa 8 март 1994
85  Јордан 29 јуни 1994
86  Виетнам 1 јули 1994
87  Пакистан 20 јули 1994
88  Зелен ’Рт 19 август 1994
89  Свети Винцент и Гренадини 7 октомври 1994
90  Кувајт 8 октомври 1994
91  Ангола 16 ноември 1994
92  Либан 5 декември 1994
93  Азербејџан 26 јануари 1995
94  Ирска 27 јануари 1995
95  Узбекистан 6 февруари 1995
96  Колумбија 25 април 1995
97  Андора 28 април 1995
98  Буркина Фасо 18 мај 1995
99  Саудиска Арабија 8 јуни 1995
100  Замбија 20 септември 1995
101  Етиопија 17 октомври 1995
102  Брег на Слоновата Коска 17 октомври 1995
103  Костарика 19 октомври 1995
104  Гвинеја-Бисао 19 октомври 1995
105 Предлошка:Country data Islamic State of Afghanistan 3 јануари 1996
106  Белиз 23 јануари 1996
107  Еквадор 22 февруари 1996
108  Лаос 4 март 1996
109  Никарагва 29 март 1996
110  Панама 12 јуни 1996
111  Туркменистан 2 јули 1996
112  Ерменија 8 јули 1996
113  Мозамбик 23 август 1996
114  Сојузна Република Југославија 9 септември 1996
115  Камбоџа 10 септември 1996
116  Јамајка 9 октомври 1996
117  Киргистан 23 декември 1996
118  Шри Ланка 14 февруари 1997
119  Малдиви 8 април 1997
120  Оман 30 јуни 1997
121  Барбадос 11 јули 1997
122  Фиџи 14 јули 1997
123  Ел Салвадор 24 јули 1997
124  Сирија 29 август 1997
125  Маврициус 3 септември 1997
126  Израел 4 септември 1997
127  Сејшели 30 септември 1997
128  Сенегал 1 октомври 1997
129  Папуа Нова Гвинеја 5 декември 1997
130  Гвинеја 8 декември 1997
131  Света Луција 10 декември 1997
132  Суринам 17 декември 1997
133  Бангладеш 18 декември 1997
134    Непал 6 февруари 1998
135  Брунеј 1 мај 1998
136  Намибија 22 јуни 1998
137  Гамбија 16 октомври 1998
138  Лесото 6 ноември 1998
139  Малави 13 ноември 1998
140  Зимбабве 12 февруари 1999
141  Уганда 10 март 1999
142  Таџикистан 1 април 1999
143  Еритреја 4 јуни 1999
144  Антигва и Барбуда 15 јуни 1999
145  Комори 29 јуни 1999
146 Предлошка:Country data Union of Myanmar 3 септември 1999
147  Чад 17 септември 1999
148  Хондурас 20 септември 1999
149  СД Микронезија 29 септември 1999
150  Хаити 15 октомври 1999
151 Предлошка:Country data Libyan Arab Jamahiriya 30 март 2000
152  Вануату 18 април 2000
153  Гренада 19 мај 2000
154  Науру 4 декември 2000
155  Доминиканска Република 5 февруари 2001
156  Бенин 26 март 2001
157  Мали 13 септември 2001
158  Габон 22 октомври 2001
159  Камерун 18 октомври 2002
160  Источен Тимор 5 февруари 2003
161  Гвајана 25 февруари 2003
162  Сиера Леоне 23 јули 2003
163  Мавританија 24 ноември 2004
164  Кенија 1 декември 2004
165  Ирак 4 јануари 2005
166  Боцвана 9 септември 2005
167  Црна Гора 7 јули 2006
168  Мадагаскар 27 септември 2006
169  Република Конго 10 мај 2007
170  ДР Конго 18 октомври 2007
171  Екваторска Гвинеја 19 октомври 2007
172  Монако 14 декември 2007
 Косово 30 јуни 2008
173  Тринидад и Тобаго 14 декември 2011
174  Соломони 18 април 2012
175  Доминика 30 април 2013
176  Палау 26 септември 2015
177  Свети Китс и Невис 27 мај 2016
178  Кирибати 26 август 2016
179  Бахами 31 јануари 2017
180  Џибути 22 мај 2017
181  Руанда 15 февруари 2018
182  Есватини 5 април 2019
183  Маршалски Острови 24 септември 2019
184  Тувалу 2 ноември 2020
185  Бурунди 14 мај 2021
186  Јужен Судан 16 ноември 2021[9]
187  Сомалија 4 февруари 2022
188  ЦАР 18 септември 2023
189  Либерија 26 септември 2024

Нема односи

[уреди | уреди извор]

Суверени држави кои не одржуваат дипломатски односи со Хрватска:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Hrvatski sabor“. www.sabor.hr. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на 2017-10-10.
  2. „Tri rođendana: Svaki datum ima povijesno značenje za Hrvatsku“.
  3. Erceg, Artur. „Pravni fakultet Split - Zbornik radova Pravnog fakulteta u Splitu“. www.pravst.unist.hr. Faculty of Law, University of Split.
  4. „Hrvatska primljena u punopravno članstvo UN-a“.
  5. „Hrvatski memorijalno-dokumentacijski centar Domovinskog rata“. www.centardomovinskograta.hr. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-10-10.
  6. Zlatko (2010-10-04). „ZAKON | O POTVRĐIVANJU SPORAZUMA O NORMALIZACIJI ODNOSA IZMEĐU REPUBLIKE HRVATSKE I SAVEZNE REPUBLIKE JUGOSLAVIJE“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2017-10-10.
  7. „Bilateral relations - Date of Recognition and Establishment of Diplomatic Relations“. Ministry of Foreign Affairs of Croatia. Посетено на 30 April 2022.
  8. „MVPEI“. Архивирано од изворникот на 2010-08-13. Посетено на 2011-12-18.
  9. Sudan, South (16 November 2021). „Diplomatic Relations Between Croatia and South Sudan as of 16 Nov. 2021“. Посетено на 1 December 2021.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.