С’ботско

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Соботско)
Прејди на: содржини, барај
С’ботско
Αριδαία
Плоштадот во С‘ботско со статуата на Ангел Гацо
Плоштадот во С‘ботско со статуата на Ангел Гацо
С’ботско се наоѓа во Грција
С’ботско
Координати: 40°58′ СГШ 22°03′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Округ Постол
Општина Меглен
Општ. единица С’ботско
Надм. вис. 150 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 6.561
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 584 00
Повик. бр. 23840-2
Рег. таб. EE
Мреж. место dimosalmopias.gov.gr
Улица во С’ботско

С’ботско, со варијантите Суботско, Соботско и Саботско грчки: Αριδαία, Аридеа, до 1922 г. Σούμποσκο, Σούμποτσκο, Субоско, Субоцко,[2] до 1951 г. Αρδέα, Ардеја[3]) — град во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 6.561 жител (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Гратчето лежи во средиштето на областа Меглен, на надморска височина од 150 м.[4] Оддалечено е 25 км од Воден.

Историја[уреди | уреди извор]

Поголем дел од населението на С‘ботско во минатото ја сменил верата, преоѓајќи во ислам заради семејна и имотна сигурност.[4]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каботско (Kabotsko) село во Воденската каза со 184 куќи, од кои 204 жители Македонци-христијани, а 503 жители се Македонци-муслимани.[5][6] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век С’ботско (Субоско) било маедонско муслиманско село со 467 мажи и 134 домаќиства.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. С’ботско (Сѫботско) било наполно македонско село со 1.260 жители, од кои 460 Македонци-христијани и 800 Македонци-муслимани.[5][8]

Во 1890 г. во С’ботско проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[9] Според егзархискиот секретар на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Суботско (Soubotsko) имало 656 Македонци[5] под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Во 1906 г. селото е прогласено за центар на Караџаовската каза. Во 1907 г. С’ботско е воспоставена бугарска црковна општина и во центарот е подигната голема двокатна зграда на училиштето и општината. Учители биле Симеон Михајлов од Велес, воспитаник на Солунската бугарска гимназија, Фанија Филева од Охрид и Георги Алаџов од Зарово, Лагадинско.[9] Подоцна тука како учител се вработил и Аврам Шиленгов.[11]

До 1907 г. бугарската општина немала своја црква, туку ја користела онаа во Цакони. Истата година чиновниците[12] на бугарската општина на С’ботско се нападнати и убиени од грчки андарти[9] биле андарти.[13] во Цакони, престојувајќи во домот на Иван Цакончев.

Првата балканска војна С’ботско го зазела бугарска војска, која по борбите кај Нигрита е нападната од грчки единици, претрпувајќи загуби во човечки жртви и оставајќи други ранети. За да се расчисти инцидентот, создадена е анкетна комисија.[14]. Бугарскиот архиерејски наместник Никола Шкутов бил уапсен и испратен во Берскиот затвор[15].

Со Букурешкиот договор во 1913 г. С’ботско било припоено кон грчката држава, кога имало 1.561 жител.[4] Во 1920 г. се евидентирани 1.636 жители.[4] Со стапувањето на сила на Лозанскиот договор во 1924 г. муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се донесени Грци-бегалци, но и извесен број влашки семејства дојдени од Голема и Мала Ливада.[4] Во 1928 г. С’ботско се води како мешано население од 1.044 жители, од кои дури 840 доселеници (204 семејства).[16]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2644 3036 3222 3555 4205 4455 5600 6561
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица С’ботско со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел С’ботско, каде спаѓа и селото Волчишта.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимава претежно со земјоделство, одгледувајќи големи количества на овошје, индустриски пиперки, десертно грозје и други производи. Во гратчето има фабрика за преработување на пиперките во црвен пипер. Дел од мештаните работат во подрачните и општинските служби.[4]

Личности[уреди | уреди извор]

Никодим Царкњас на средба со деца-бегалци во С’ботско
  • Никодим Царкњас (р. 1942) — македонски духовник, поборник за правата на Македонците во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σούμποσκον -- Αρδέα
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρδέα -- Αριδαία
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99-100. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.156-157.
  7. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ - Македония“. Българите мохамедани (второ издание издание). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0. 
  8. Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_04.htm. 
  9. 9,0 9,1 9,2 Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември, 1937, стр. 2.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  11. Любенова, Лизбет. Последните български владици в Македония, Изток Запад, София, 2012, стр. 429.
  12. Симеон Михајлов, Иван Попантонов, претседател на бугарската општина и други мештани
  13. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември, 1937, стр. 3.
  14. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.161-162
  15. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.185
  16. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928

Надворешни врски[уреди | уреди извор]