Самотракија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Самотраки)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самотракиja
Σαμοθράκη
Самотракија
Самотракија
Emblem of Samothrace.
Амблем
Самотракиja is located in Грција
Самотракиja
Самотракиja
Координати: 40°29′N 25°31′E / 40.483° СГШ; 25.517° ИГД / 40.483; 25.517Координати: 40°29′N 25°31′E / 40.483° СГШ; 25.517° ИГД / 40.483; 25.517
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругМарица
Управа
 • ГрадоначалникВицас Атанасиос [1] (од 1 септември 2014[1])
Површина
 • Општина178,0 км2 (690 ми2)
Најг. вис.&100000000000016110000001.611 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[2]
 • Општ.2.859
 • Општ. густина1.6/км2 (4.2/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.680 02
Повик. бр.25510
Рег. таб.ΕΒ
Мреж. местоwww.samothraki.gr

Самотракија или Самотраки (старогрчки: Σαμοθρᾴκη, грчки: Σαμοθράκη) — грчки остров во северниот дел на Егејско Море. Островот е и општина во рамките на округот Марица (Еврос) во Тракија. Островот е долг 17 километри и е со големина од 178 км2 и има население од 2.859 жители според пописот во 2011 година. Негови главни индустрии се риболов и туризам. Ресурсите на островот вклучуваат гранит и базалт. Самотракија е еден од највисоките грчки острови. Планината Саос и врвот Фенгари се издигаат до 1.611 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Светилиштето на големите богови.
Самотраки, со врвот Фенгари во позадина.
Поглед
Водопад и езерце, карактеристични за островот.

Самотракија не била држава од било какво политичко значење во стара Грција, бидејќи нема природно пристаниште, а поголемиот дел од островот е премногу планински: планината Фенгари се издига на 1.611 метри. Меѓутоа, островот бил место каде се наоѓало Светилиштето на големите богови, место на важните хеленистички и предхеленистички верски церемонии. Меѓу оние кои го посетиле овој храм за да бидат иницирани во островскиот култ биле Лисандар од Спарта, Филип II Македонски и Луциј Калпурниј Пизон Цезонин.

Античкиот град, чии рушевини се нарекуваат Палеополи („стариот град“), се наоѓал на северниот брег. Остатоци сè уште постојат на античките ѕидини, кои биле изградени во масивен циклопски стил, како и на Светилиштето на Големите богови, каде што се одржувале мистериозни обреди кои биле отворени за робови и за слободни луѓе[3]. Димитриј Скепсидски ги споменува ги Самотракиските мистерии[3].

Традиционалниот извештај од антиката е дека Самотракија првпат била населена од Пелазгите и Каријците, а подоцна и од Тракијците. На крајот на VIII век п.н.е. островот бил колонизиран од Грците од Самос, период кога островот станал познат викало Самос од Тракија, кое подоцна станало Самотрака. Сепак, Страбон го негира ова. Археолошките докази покажуваат дека грчката населба била од VI век п.н.е.

Персијците го окупирале Самотракија во 508 п.н.е., подоцна поминале под атинска контрола, и островот бил член на Делианската лига во 5 век п.н.е. Островот бил потчинет од Филип II Македонски, а од тогаш до 168 п.н.е., бил под македонска власт. По битката кај Пидна, островот станал независен, но подоцна бил освоен од која Веспазијан и вклучен во составот на Римското Царство.

Средновековен период[уреди | уреди извор]

За време на римскиот и особено царскиот период, благодарение на интересот на римските цареви, значењето на светилиштето на Големите богови ги надминало грчките граници и Самотракиja станалa меѓународен духовен центар каде што верниците се собирале од целиот римски свет. Освен познатото светилиште, одлучувачка улога во големиот развој на Самотракија одиграле и неговите две пристаништа преку кои поминувал морскиот пат Троас - Македонија.

Книгата „Дела на апостолите“ во христијанската Библија пишува дека Апостол Павле, на своето второ мисионерско патување надвор од Палестина, отпловил од Троада до Самотракија и таму поминал една ноќ на пат кон Македонија[4].

Свети Теофан умрел во Самотракија во 818 година. Византијците владееле до 1204 година, кога Венецијанците го заземале местото, кои пак биле поразени од Џенова, по кое во 1355 година островот паднал под нивна контрола. Отоманското Царство го освоила островот во 1457 година и бил наречена Семадирек на турски јазик.

Современ период[уреди | уреди извор]

Самотракија од Франческо Пјаченца, 1688
Знаме на револуционерите од Грчката војна за независност
Поглед кон Самотракија.
Бродови на пристаништето.

Востанието против Османлиите од страна на локалното население за време на Грчката војна за независност (1821-1831) довело до масакр на 1.000 жители[5]. Островот бил под грчка власт во 1913 година по Балканските војни. Островот бил окупиран од страна на Бугарија за време на Втората светска војна, од 1941 до 1944 година.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Современиот пристанишен град Камариотиса е на северо-западното крајбрежје и обезбедува фериботски пристап до и од неколку точки во северна Грција, како што се Дедеагач и Кавала. На островот нема комерцијален аеродром. Другите интересни места на островот ги вклучуваат урнатините на џеновските тврдини, живописната Хора (буквално „село“) и Палијаполи (буквално „Стариот град“) и неколку водопади.

Најпознатото место на островот е Светилиштето на големите богови. Најпознатиот артефакт од 2,5 метри е мермерната статуа на Ника, која датира од 190 година п.н.е. Таа била откриена на парчиња на островот во 1863 година од страна на француски археолог, а сега е без глава и се наоѓа во Лувр во Париз.

Географија[уреди | уреди извор]

Сместен е меѓу островите Лимнос, Имброс и Тасос, на растојание 24 морски милји од Дедеагач (Александруполи). Областа на островот зафаќа 178 квадратни километри и должина од 17 километри. Островот има овална форма, со должина на крајбрежјето од 59 километри, од кои 35 километри се плажи, претежно со ситни камења.

На островот Самотракија се наоѓа планината Фенгари (1611), која е на највисоко место меѓу островите во Егејското Море (ако се исклучат најголемите острови Евбеја и Крит). Името на планината значи „толку високо што ја крие месечината“. За неа Хомер вели дека таму стоел Посејдон, за да ги гледа битките за време на Тројанската војна.

Главниот град на островот се вика исто, Самотракија, нарекувна како и другите главни населби по грчките острови Хора. Главното одморалиште на островот се нарекува Терма и се користи од римско време. Самратракија се наоѓа во округот Марица. Се наоѓа на неколку километри од морската граница меѓу Турција и Грција.

Населени места[уреди | уреди извор]

  • Алонија (291 во 2011 година)
  • Ано Кариоти (22)
  • Ано Мерија (57)
  • Дафнес (16)
  • Камариотиса (1,069)
  • Като Кариоти (41)
  • Кацампас (15)
  • Лакома (317)
  • Макрили (12)
  • Палеополи (36)
  • Потамија (6)
  • Профитис Илијас(189)
  • Самотракија (653)
  • Терма (106)
  • Ксиропотамос (29)

Заедници[уреди | уреди извор]

Покраината Самотракија била во состав на округот Марица. Имала иста територија како и сегашната општина[6]. Таа била укината во 2006 година.

Население[уреди | уреди извор]

Година Население
1981 2 871
1991 3 083
2001 2 723
2011 2 859[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 http://www.samothraki.gr/site/2011-04-13-14-10-08/
  2. 2,0 2,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  3. 3,0 3,1 Initiation into the Mysteries of the Ancient World, p. 37, при Гугл книги
  4. Acts 16:11
  5. Charles Vellay, L'irrédentisme hellénique, 1913, 329 pages. page 131: [1]
  6. „Detailed census results 1991“ (PDF).  (39 MB) (грчки) (француски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]