Прејди на содржината

Регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Географска област)
Географски подрегиони (или региони) на светот според ООН.

Регион (од лат. regio — „крај“, „предел“, „област“)[1] — мошне чест поим во полиња како географијата, астрофизиката и сл. што означува некоја територија во целост што содржи свои заемноповрзани делови. Поимот може да означува и територијална единица, од административен, статистички или поинаков карактер.

Географски региони

[уреди | уреди извор]

Во географијата, регионите можат да се поделат по нивните физички особености (физичка географија), одлики според човековото влијание (човечка географија) и замодејството на човекот со околината (околинска географија). Географските региони и подрегиони обично се непрецизно утврдени според извесни својства и напати менливи граници. Исклучок од ова е човечката географија, каде постојат построги законски одредници како државните граници на земјите.

Покрај глобалните континентални региони на светот, постојат и други видови на физички региони како што се хидросферните и атмосферски региони на океаните, и самостојни клими над копнените и водените маси на планетата. Копнените и водените региони се поделени на подрегиони според географските одлики што влијаат на екологијата. Такви се: рамниците и степите, шумовитите масиви, пустините и планинските подрачја.

Постојат региони што се однесуваат конкретно на животинскиот и растителниот свет, но и такви со општествена содржина: така, имаме културни, етнографски, јазични, економски, па сè до плански и статистички региони што служат за полесно собирање и обработка на податоци (на пр. статистички региони во Македонија).

Административни региони

[уреди | уреди извор]
Карта на климатски региони (појаси) според Кепеновата класификација на климата

Самиот збор „регион“ е изведен од латинскиот збор regere („владее“). Според тоа поимување, голем број на земји во светот имаат региони како административни единици со значење на области во надлежност на извесна управа или самоуправа.

Административните региони се присутни во следниве земји:

Региони во Македонија

[уреди | уреди извор]
Карта на регионите во Македонија

Република Македонија има статистички региони што служат статистички, економски (плански) и административни цели. Тие се:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „регион“ — Лексикон на македонскиот јазик
  • Bailey, Robert G. (1996) Ecosystem Geography. New York: Springer-Verlag. ISBN 0-387-94586-5
  • Meinig, D.W. (1986). The Shaping of America: A Geographical Perspective on 500 Years of History, Volume 1: Atlantic America, 1492-1800. New Haven: Yale University Press. ISBN 0-300-03548-9

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]