Прејди на содржината

Региони во Чиле

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чиле се дели на 15 региони (шпански: regiones; едн. región), кои претставуваат врховна административна единица на државата. На чело на секој регион стои настојник (intendente), кој го назначува претседателот, како и посредно избрано тело наречено „регионален совет“ (consejo regional).

Регионите потоа се делат на покраини. Со секоја покраина раководи управник (gobernador), кој е исто така назначен од претседателот. Во земјата има вкупно 54 покраини. Секоја покраина се состои од општини.

Редни броеви

[уреди | уреди извор]

Секој регион има римска бројка пред самото име (на пр. IV Región de Coquimbo - „Четврти регион Кокимбо“). При создавањето на регионалната поделба на земјата, властите згодно ја поделиле земјата на набројани региони од I (најсеверен) до XII (најјужен). Престолнинскиот регион во средината на земјата ја носел посебната ознака „RM“, (Región Metropolitana) наместо бројка. Во поново време овој правилен редослед е нарушен со создавањето на XIV регион на југ и XV на север (XIII не се користи) во 2007 г.

Список на региони

[уреди | уреди извор]
Карта на регионите во Чиле
Број Име Админ. центар Површина (км2) Население
Тарапака
Región de Tarapacá
Икике 42.225,8 298,257
Антофагаста
Región de Antofagasta
Антофагаста 126.049,1 542.504
Атакама
Región de Atacama
Копјапо 75.176,2 290.581
Кокимбо
Región de Coquimbo
Ла Серена 40.579,9 704.908
Валпараисо
Región de Valparaíso
Валпараисо 16.396,1 1.723.547
О'Хигинс
Región del Libertador General Bernardo O'Higgins
Ранкагва 16.387 872.510
Мауле
Región del Maule
Талка 30.296,1 963.618
Биобио
Región del Bío-Bío
Консепсион 37.068,7 1.965.199
Арауканија
Región de la Araucanía
Темуко 31.842,3 907.333
Лос Лагос
Región de Los Lagos
Пуерто Монт 48.583,6 785.169
Ајсен
Región Aisén del General Carlos Ibáñez del Campo
Kojajke 108.494,4 98.413
Магаљанес
Región de Magallanes y de la Antártica Chilena
Пунта Аренас 132.291,1 159.152
Њубле
Región de Ñuble
Чиљан 13.178,5 480.609
Лос Риос
Región de Los Ríos
Валдивија 18.429,5 363.887
Арика и Паринакота
Región de Arica y Parinacota
Арика 16.873,3 213.595
Престолнински регион
Región Metropolitana de Santiago
Сантјаго 15.403,2 6.683.852

Напомена: Податоците за населението се однесуваат на пописот од 2012 г.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За Чиле“. Комисија за странски инвестиции на Владата на Чиле. Архивирано од изворникот на 2020-03-26. Посетено на 19 ноември 2013. (англиски)