Византиско-арапски војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Византиско-арапски војни
Дел од Муслиманските освојувања

Римскиот оган (πῦρ ῥωμαϊκόν), употребуван во Римско-арапските војни
Датум 629–1050-ти
Место Левант, Сирија, Египет, Северна Африка, Анадолија, Крит, Сицилија, јужна Италија
Исход муслимански заземања
Територијални
промени
Левант, Месопотамија и Северна Африка биле анексирани од Арапите. Дел од Левант бил вратен во времето на римското преосвојување
Завојувани страни
Римско Царство
Гасаниди[1]
Мардаити
Ерменија
Бугарија
Кралство Италија
Италијански град-држави
Праведен Калифат
Омејади
Абасиди
Аглабиди
Сицилиски Eмират
Бариски Eмират
Критски Eмират
Хамданиди
Фатимиди
Мирдасиди

Арапско-римски војни — низа војни водени помеѓу арапските муслимани и Римското Царство во периодот од 7 до 11 век. Судирот започнал за време на почетните муслиманските освојувања преземени од Праведниот Калифат и Омејадите во 7 век.

Избувот на Арапите од Арапскиот Полуостров (сега Саудиска Арабија) во 630-те години резултирало со брзо губење на јужните покраини на Римската Империја (Сирија и Египет). Во текот на следните педесет години муслиманите започнале нови напади најпрвин во Мала Азија, а подоцна се заканиле и на римската престолнина Константинопол, град кој бил ставен под опсада во два наврати. Во исто време муслиманите започнале со освојување на африканските римски покраини. Ситуацијата не се стабилизирала до Втората арапска опсада на Цариград во 718, кога Таур станал граница меѓу двете империи. Во времето на Абасидите, односите меѓу двете земји се стабилизирале кога биле отворени амбасади но конфликтите продолжиле и во 10 век.

Во првите векови, Римјаните најчесто играле одбранбена политика и ги избегнувале отворените битки на поле. Со падот на Абасидите и зацврстување на империјата под Македонската династија, Римјаните во периодот од 920-976 година ги подобриле своите позиции и повторно ги зазеле северниот дел од Сирија и Ерменија. Ситуацијата целосно се променила со појавата на Селџуците во 1060-тите.

Позадина[уреди | уреди извор]

Постојаните војни меѓу Персија и Римската Империја кон 6 и 7 век, и периодичната појава на епидемијата од чума (Јустинијанова чума) ги оставила и двете империи исцрпени и ранливи во лицето на ненадејната појава и ширење на исламот. Последната војна со Персија завршила со победа на Рим, а Ираклиј I ги вратил изгубените територии во Сирија и Палестина заедно со Ерусалим во 629 година[2].

Но со арапското ширење, на муслиманите им биле потребни само неколку години да го освои овој дел од Блискиот Исток. Според Џорџ Лиска, патот на исламот бил отворен поради непотребната војна на Рим и Персија[3].

Кон крајот на 620-те, Мухамед веќе успеал да ја освои и обедини голем дел од Арабија под муслиманска власт. Во тоа време се одржале и првите римско-муслимански судири. Само неколку месеци кога Ираклиј и Шахрбараз се договориле за условите за повлекување на персиските војски од окупираните римски источни покраини во 629, арапските и римските војници ја започнале Битката кај Мутах. Мухамед починал во 632 година и бил наследен од страна на Абу Бакр, првиот муслимански калиф кој започнал со консолидација и своите сили и создавање на голема муслиманска држава на полуостровот[4].

Муслимански освојувања[уреди | уреди извор]

Според муслиманските биографи на Мухамед, тој ја добил информацијата дека римските сили се наоѓале во северниот дел на Арабија и имале намера да го освојат целиот полуостров. Така, муслиманската армија предводена од Мухамед заминала кон Табук, во денешна северозападна Саудиска Арабија, со намера да ја спречи римската армија, но овие информации се покажале како неточни[5]. Иако тоа не претставувала битка во типична смисла, овој настан претставувал прв арапски напад кон Римјаните. Од страна на поголемиот дел од историчарите, се смета дека првиот конфликт меѓу двете сили се случил во Битката кај Мутах, но и ова не е сосема сигурно.

Арапско освојување на Сирија[уреди | уреди извор]

  Експанзија во времето на Мухамед, 622–632/A.H. 1-11
  Експанзија во времето на Праведниот Калифат, 632–661/A.H. 11-40
  Експанзија во времето на Омејадите, 661–750/A.H. 40-129

Во Левант, инвазијата на Праведниот Калифат била пречекана од римската војска составена од императорска и локална армија. Според исламските историчари монофизитите и Евреите низ Сирија ги поздравиле арапските освојувачи бидејќи тие не биле задоволни од римското управување.

Римскиот цар Ираклиј се разболел и не бил во можност лично да ја води својата армија во походот во Сирија и Палестина во 634 година. Во Битката кај Аџнајдан, муслиманските сили постигнале голема победа[6]. По победата Фахл, муслиманските сили го освоиле и Дамаск во 634 година на чело со Калид ибн ал-Валид. Римскиот одговор на тоа вклучувало собирање и испраќање на голем број на војници за да се вратат одземаните територии.[7]

Во Битката кај Јармук во 636 година, Римјаните претрпиле голем пораз со кое Сирија била освоена. Јован Зонара за овој настан напишал: од тој момент, патот на освојувањето и расграбувањето на целата територија на Римјаните беше отворен[8]. Муслиманските освојувања продолжиле преку освојување на Ерусалим во април 637 година, Газа во летото на 637 година, Антиохија кон крајот на 637 година. Во тој период, муслиманските сили ги имале заземено цела Северна Сирија, освен горниот дел од Месопотамија, кои биле освоени по една година примирје.[9]

По истекотт на примирјето во 638-639 година, Месопотамија исто така била заземена заедно со Ерменија, Палестин и Аскалон. Во декември 639 година, муслиманите заминале од Палестина кон Египет[9].

Арапско освојување на Северна Африка[уреди | уреди извор]

Арапско освојување на Египет[уреди | уреди извор]

Во времето кога Ираклиј починал, поголемиот дел од Египет бил освоен од муслиманите. Со сила од околу 4,000 војници на чело со Амр ибн ал-Ас, муслиманските сили влегле во Египет кон почетокот на 640 година. По ова, муслиманите добиле засилување дополнителни 12,000 војници. Најпрвин муслиманите ја нападнале Александрија, и Римјаните, кои биле шокирани од ненадејната загуба на толку голема територија, биле принудени да се откажат од градот во септември 642 година[10]. По падот на Александрија, муслиманите продолжиле со својата воена експанзија во Северна Африка. Во 643-644 година била заземена Киренајка[11]. Осман ибн Афан починал и бил наследен од Омер[12].

За време на неговото владеење, римската морнарица успеала накратко да ја врати Александрија по Битката кај Никиоу.[13]. Во 652 година муслиманите започнале инвазија во Сицилија, Кипар и Крит. Според арапските истиооричари локалните христијански копти ги поздравиле арапските освојувачи. Загубата на овие области на Римската Империја ја чинела загуба на големо количество пченица, кое предизвикало и недостиг на храна[14].

Арапско освојување на Африкански егзархат[уреди | уреди извор]

Во 647 година, арапската војска предводена од Абдула ибн ал-Сад извршила инвазија во Африканскиот егзархат. Триполитанија била освоена, проследено со Суфетула, а самиот римски управник Григориј бил убиен. По овој настан, Абдула се вратил во Египет во 648 година бидејќи наследникот на Грогориј, Генадиј, му ветил годишен данок од околу 300.000 номисми[15].

По крајот на муслиманската граѓанска војна, власта била преземена од Омејадите на чело со Муавија I. Во нивно време продолжило освојувањето на Северна Африка и Арапите стекнакле можност да се движат низ големите територии на Магреб. По ова следувало и закана кон Визиготско Кралство во денешна Шпанија[16], но тоа завршило со успех дури откако била заземена Картагина во 695-698 година.

Муавија продолжил со консолидирање на арапските територии од Аралско Море до западната граница на Египет. По назначување на гувернер во Египет, муслиманските сили продолжиле кон Анадолија во 663 година. Во периодот од 665 до 689 година започнала нова северноафриканска кампања, во која арапската армија составена од околу 40.000 војници и нанела пораз на римските сили кај градот Барса. Во 670 година започнала инвазијата на Тунис[17], каде Кајруан станал главен град на исламската покраина Ифрикија, кој станал еден од најголемите арапско-муслимански средишта во средниот век[18].

Арапски напади на Анадолија и опсада на Цариград[уреди | уреди извор]

Главно размислување кај исламските учења во времето на Омејадите било уништување на неверниците, во преден план на Римската Империја. По освојувањето на Сирија, гувернерот на покраината а подоцна и калиф, Муавија I, претставувал движечка сила во муслиманските напори проти Римската Империја, особено од страна на неговата флота која извршила големи напади врз римската морнарица околу римските острови и брегови. Во 649 година муслиманите создале морнарица составена од Монофизити, Копти, и други сириски христијани. Ова резултирало Римската Империја да биде поразена во Битката кај Феникс во 655 година, по кое муслиманскиот пат кон Средоземјето бил отворен[19][20] . По овие успеси, муслиманите се подготвиле за опсада на Цариград.

Трговската размена меѓу муслиманскиот и христијанскиот свет во овој период речиси била целосно запрена, изолирајќи ја Западна Европа од настаните во муслиманскиот свет. Опсадата на Константинопол започнала во 674 година, но како еден од главните фактори за одбрана на римската престолнина бил т.н. течен оган кој помогнал во поморските битки на Римската Империја. По неговата победа во граѓанска војна, Муавија започнал серија напади против римските територии во Африка, Сицилија и Источниот Регион. Во 670 година, муслиманската армија навлегла во Мраморно Море и останала во Кизик во текот на зимата. По поразот во 678 година, муслиманите дополнително доживеале неколку загуби поради големото невреме. Во Битката загинал и Ејуп Ајуб Абу ал-Ансари, следбеник на пророкот Мухамед. Тој со својата армија дошол во Константинопол за време на првата арапска опсада на градот. Денеска неговиот гроб се наоѓа во Истанбул.

Арапски напади на Африка и Сицилија[уреди | уреди извор]

Неуспехот на опсадата била проследена со натамошни пресврти низ големата муслиманска империја. Третиот гувернер на Африка, Зухрир, бил соборен од големата римска армија предводена од Константин IV за повторно враќање на Картагина. Во меѓувреме во Арабија и Сирија избила втората граѓанска војна. Ова било искористено од Јустинијан II, кој по успешната кампања склучил примирје, согласувајќи се за заедничка сопственост на Ерменија, Иберија и Кипар. Но по катастрофалниот порад кај Севастополис, муслиманите ја освоиле Ерменија. Картагина исто така ја освоиле во 698 година. Периодот од 705-711 година (второ владеење на Јустинијан II Ринотмет[21]) било одбележано со арапските победи во Мала Азија и граѓанските немири. Римската Империја ги изгубила Мопсуеста и Тијана, во 709 година навлегле дури во Тракија, а Римската Империјасе соочувала со внатрешни немири околу власта. Во такви услови муслиманите започнале подготовка за втора опсада на Цариград. Во текот на 717 година, една голема арапска армија се упатила кон престолнината на Римската Империја. Таа броила околу 80.000 души и истата била предводена од страна на Маслама, брат на калифот Сулејман ибн Адд ал-Малик, околу 1.800 воени бродови. Градот бил од сите страни најпрвин заобиколен а со тоа и опседнат. Царот Лав III Исавријанин побарал помош од повеќе земји во Европа, како и до бугарскиот хан Тервел. Тој испратил војска кон градот и со помош на Римската Империја во битката им нанеле пораз. Настапила многу студена зима по кое муслиманите биле приморени да се повлечат.

Стабилизација на границата (718-863)[уреди | уреди извор]

Карта која ја покажува границата меѓу двете империи.

Првата фаза од муслиманските освојувања завршила со опсадата на Цариград во 718, а границата меѓу двете империи останала непроменета и таа се наоѓала по планините од Источна Анадолија. Постојаните напади и противнапади продолжиле на двете страни, но желбата за целосно освојување на Римската Империја од страна на калифатот се намалила. Ова довело до дипломатски контакти и признавање на двете империи.

Во следниот период, во Римската Империја започнало т.н. иконоборство чија прва фаза завршила во 787 година, додека втората во 842 година. Во времето на Македонската династија, римските сили се ориентирале кон офанзивни напади кон Абасидите, чија територија во Анадолија била заземена од Селџуците во 1071 година.

Крајот на Омејадите и иконоборството[уреди | уреди извор]

По неуспешната опсада на римската престолнина, Римската Империја започнала успешна офанзива кон Ерменија. Во 720 година продолжила арапската експедиција кон Анадолија, иако нападите не биле насочени кон освојување на територии туку кон грабежи и напади на тврдини или поголеми населени места.

Кон почетокот на управувањето на Абасидите со калифатот, границата меѓу двете земји се протегала на планинскиот венец Таур[22][23]. Од арапска страна градови како Киликија и Адана биле напуштени додека Германикејам Хадат и Малатија станале големи воени центри на муслиманските калифи[22][23].

Во времето на римскиот цар Лав III Исавријанин започнало иконоборството. Создадено под влијание на исламот, царот се согласил со идејата дека слики од луѓе и животни неможат да бидат свети. Така, во 726 година бил издаден едикт според кој иконите биле забранети[24][25]. Но, едиктот бил пречекан со силно противење од вселенскиот патријарх Герман и од страна на свештенството и народот. Како незадоволство од таа одлука[24][25], во Грција се дигнала буна, која во 727 година била задушена. Патријарх Герман I не сакал да го потпише императорскиот декрет и дал оставка, а на негово место Лав III го поставил неговиот истомисленик – патријархот Анастасиј. Овие мерки претставувале клучен фактор за раскол меѓу царевиградскиот патријарх и римскиот папа[26][27].

Од друга страна пак, Омејадите се оддалечувале од конфликтите бидејќи се соочиле со Хазарите, со кои римскиот цар имал склучено сојуз преку женидбата на принцот Константин и Ирина Хазарска. Во доцните 730-ти години повторно започнале муслимански напади, но по големиот пораз на муслиманите во Битката кај Акронион и Абасидската револуција довеле до повторно стопирање на нападите и конфликтите. Овие настани го отвориле патот за поагресивна политика на Константин V Копроним, кој во 741 година започнал напад во главната арапска база во Мелитина, остварувајќи победа. Овие успеси од страна на ЛАв III и неговиот син претставувале доказ за својата праведна политика кон иконите[28][29].

Абасиди[уреди | уреди извор]

За разлика од нивните претходници Омејадите, Абасидите не продолжиле во почетокот со воени походи туку биле задоволни од територијалните граници. Непотребни напади биле преземени кон 780-тите години, но истите немале голем успех[30][31]. Во овој период започнала кампања за собирање на војници од денешните земји Сирија и Ирак, кои би се бореле со неверниците. Муслиманскиот калиф Харун Ал Рашид (786-809), за да ја нагласи својата побожност и да се истакне како водач кај муслиманите, започнал кампања за војна против Римската Империја односно објавил џихад[32][33].

И покрај големите непријателства, размената на амбасадори и постојаните писма меѓу двата владетели довеле до поголем напредок во контактите меѓу двете земји, за разлика од Омејадите. Самата размена на амбасадори претставувало знак дека Абасидите го признаваат римскиот цар.

Во овој период започнала граѓанската војна во Римската Империја, која била поддржана од арапските сили. Тома Славјанинот застанал на чело на востанието и како узурпатор се прогласил за император во Мала Азија[34]. Во овој период започнал неуспешниот напад на Солун од муслиманите[34], додека во 821 година Тома Славјанинот започнал неуспешна опсада на Цариград[34].

Римско преосвојување[уреди | уреди извор]

Карта која ја покажува средоземната битка меѓу двете земји од 7 до 11 век.

Верскиот мир во Римската Империја започнал со доаѓањето на Македонската династија во 867 година[35]. Абасидите биле поделени на многу фракции по 861 година. Ова започнал да го користи Василиј I, кој земјата повторно ја претворил во регионална сила, кога започнале и територијалните проширувања со кое империјата повторно станала една од најсилните во Европа. Во исто време, црковните односи со Рим биле стабилизирани. Неговиот сојуз со светиот римски цар Лудвиг II довела до прогонување на муслиманите во Јадранско Море[36].

Со римска помош, Лудвиг II во 871 година го зазел Бари од муслиманите. Градот станал византиска територија во 876 година, но римската положба на Сицилија била влошена кога Сиракуза паднала во 878 година. Катанија паднала во 900 додека тврдината Таормина во 902 година. Со зазимањето на Сицилија, муслиманите со островот владееле до норманската инвазија во 1071 година.

Иако Сицилија беше загубена, Римската Империја успеала да ги зазема градовите Таранти и голем дел од Калабрија до 880 година. Успесите во италијанскиот полуостров отвориле нов период на римската доминација во овој дел. Римјаните започнале да воспоставуваат големо присуство во Средоземното Море, а особено на Јадранот. На Блискиот Исток започнала голема римската кампања каде Римската Империја вратила територии како Киликија и северна Сирија, како и островот Крит. Јован I Цимиски дури се заканил на Ерусалим но по неговата смрт во 976 година, римското проширување во Палестина завршило.

Во 995 година, Василиј II започнал противпоход против Арапите, но поради внатрешните немири во имепријата, придобивките на Никифор II Фока и Јован I Цимиски ќе биле изгубени кога започнала опсада на градовите Алеп и Антиохија[37]. Сигурноста на римска Месопотамија била под закана кога Империјата засекогаш го изгубил градот Едеса[37].

Селџуци[уреди | уреди извор]

Во следниот период, голема улога започнале да имаат Селџуците, кои се наметнале како нова голема муслиманска империја. Во 1071 година во Битката кај Манцикерт, римските сили биле катастрофално поразени. Оваа битка се смета за почеток на туркиските завладувања во Анадолија и пропаѓање на Римската Империја.[38]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Ghassan." Encyclopædia Britannica. 2006. Encyclopædia Britannica Online. 18 October 2006 [1]
  2. Theophanes, Chronicle, 317–327
    * Greatrex–Lieu (2002), II, 217–227; Haldon (1997), 46; Baynes (1912), passim; Speck (1984), 178
  3. Liska (1998), 170
  4. Nicolle (1994), 14
  5. "Muhammad", Late Antiquity; Butler (2007), 145
  6. Nicolle (1994), 47–49
  7. Kaegi (1995), 112
  8. Zonaras, Annales, CXXXIV, 1288
    * Sahas (1972), 20
  9. 9,0 9,1 Kaegi (1995), 67
  10. Kennedy (1998), 62
  11. Butler (2007), 427–428
  12. Davies (1996), 245, 252
  13. Butler (2007), 465–483
  14. Haldon (1999), 167; Tathakopoulos (2004), 318
  15. Treadgold (1997), 312
  16. Read (2001), 51
  17. Norwich (1990), 334
  18. The Islamic World to 1600: Umayyad Territorial Expansion Архивирано на 19 октомври 2012 г..
  19. Pryor & Jeffreys (2006), p. 25
  20. Treadgold (1997), pp. 313–314
  21. Davies (1996), 245
  22. 22,0 22,1 El-Cheikh (2004), pp. 83–84
  23. 23,0 23,1 Kennedy (2004), pp. 143, 275
  24. 24,0 24,1 Treadgold (1997), pp. 350–353
  25. 25,0 25,1 Whittow (1996), pp. 139–142
  26. Europe: A History, p273. Oxford: Oxford University Press 1996. ISBN 0-19-820171-0
  27. Europe: A History, p246. Oxford: Oxford University Press 1996. ISBN 0-19-820171-0
  28. Blankinship (1994), pp. 20, 168–169, 200
  29. Treadgold (1997), pp. 354–355
  30. El Hibri (2011), pp. 278–279
  31. Kennedy (2001), pp. 105–106
  32. El Hibri (2011), p. 279
  33. Kennedy (2001), p. 106
  34. 34,0 34,1 34,2 John Julius Norwich (1998). A Short History of Byzantium. Penguin. ISBN 0-14-025960-0.
  35. Europe: A History. Oxford: Oxford University Press 1996. ISBN 0-19-820171-0
  36. Rački, Odlomci iz državnoga práva hrvatskoga za narodne dynastie:, p. 15
  37. 37,0 37,1 Read (2001), 65-66
  38. Dhu'l Qa'da 463/ August 1071 The Battle of Malazkirt (Manzikert), Посетено на 2007-09-08 На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]