Прејди на содржината

Ѓорѓи Манијак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манијак ја освојува Едеса

Ѓорѓи Манијак (починал 1043) — истакнат византиски војсководач во текот на XI век, тој бил катепан на Италија во 1042 година. Тој е познат како Гиргир во скандинавските саги. Познато е дека бил необично висок и добро граден, скоро џин.[1]

Манијак првпат се истакнал за време на походите во 1030–1031 година, кога Византија била поразена кај Алеп, но успеал да ја освои Едеса од арапите. Негово најголемо достигнување било делумното освојување на Сицилија од арапите кон почетокот на 1038 година. Тука, помогнат од варанжјанската стража, која во тој период била водена од Харолд Хадрада, кој подоцна станал крал на Норвешка. Имапо и нормански платеници кои се бореле покрај него, под водство на Гијом Железноракиот, кој својот прекар Железнорак го добил поразувајќи го емирот на Сиракуза во самостојна борба. Сепак,тој подоцна го протерал својот адмирал, Стефан, чија жена била сестра на Јован Евнухот, највиско почитуваниот човек на дворот, и јавно посрамотувајќи го водачот на ламбардската војска, Ардуин, предизвикал дезертација, кај норманите и нордијците. Како одговор на ова, тој бил отповикан од царот Михаил IV, кој бил шура на Стефан. Иако арапите повторно го освоиле островот, успесите на Манијак подоцна и мотивирале норманите да ја нападнат Сицилија.

Византијците водени од Манијак се истовараат на Сицилија и ги поразуваат арапите.

Достигнувањата на Манијак во Сицилија биле во голем дел занемарени од страна на царот, и тој се побунил против Константин IX во 1042 година, иако бил поставен за катепан на Италија. Личноста која делумно била виновна за бунтот на Манијак бил Роман Склер. Склер, како Манијак, бил еден од многу богатите земјопоседници кој поседувал огромно земјиште во Анадолија, неговите поседи се граничеле со оние на Манијак и двајцата се напаѓале меѓусебно за земјиштето. Склер своето влијание го наметнал над царот преку својата убава сестра Склерина, која во повеќето позитивно влијааел ан Константин. Наоѓајки се во позиција на моќ, Склер ја искористил оваа моќ да го наврти Константин против Манијак - ограбувајќи му ја куќата и му ја завел сопругата, користејќи го шармот по кој била познато неговото семејство. Манијак на ова одговорил на суров начин кога се сретнал со Склер побарал да му ја предаде командата на царските сили во Апулија, и брутално го измачувал до смрт откако му ги затворил очите, ушите, носот и устата со измет.[2] Манијак по ова бил прогласен за цар од неговите војски (вклучувајќи ги тука и варажјаните) и тргнал на поход кон Цариград. Во 1043 година неговата армија се судрила со силите на Константин во близина на Солун, иако бил успешен, Манијак бил убиен за време на еден напад откако бил тешко ранет. Константин преживеаните бунотвници ги казнил така што ги парадирал на хиподромот врзани ни седнати свртени наназад на магариња. Со неговата смрт завршил и бунтот. Во Сицилија, градот Манијаче и тврдината во Сиракуза Кастело Манијаче се именувани во негова чест.

  1. Byzantino-Nordica 2004: Papers Presented at the International Symposium of Byzantine Studies Held on 7-11 May 2004 in Tartu, Estonia. Morgenstern Society. 2005. ISBN 9949112664.
  2. Bradbury, Jim. (2004) Routledge Companion to Medieval Warfare. Routledge, p. 65
Претходник
Синодијан
Катепан на Италија
1042
Наследник
Пард