Битка кај Датин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Датин
Дел од Византиско-арапски војни
Датум 634
Место Датин
Исход муслиманска победа
Завојувани страни
Праведен калифат Византија
Команданти и водачи
Абу умах ал Бахили Сергеј  
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато 300

Битката кај Датин (арапски: داثن‎[1]) се одвила на 4 февруари 634 година помеѓу силите на Византија и Праведниот калифат. Битката е дел од Византиско-арапските војни, а завршила со победа на Праведниот калифат[2].

Битката се одвила по серијата арапски напади на територијата околу Газа. Византискиот командант Сергиј собрал мал одред војници (поради недостаток на сили) и ги повел своите сили преку неговата база во Кесарија на околу 125 километри од Газа. Таму тој се соочил со една арапска армија, која била во голема мера поголема[3]од неговата под команда на Абу умах ал Бахили[4] .

Двете сили се спротиставиле со селото Датин на 4 февруари 634 година, недалеку од Газа[5]. Во битката, византиските сили биле поразени, а самиот византиски командант Сергиј убиен, заедно со околу 300 свои војници[6].

Според Doctrina Jacobi nuper baptizati, муслиманската победа била пречекана со радост од страна на локалните евреи, кои биле прогонувани од Римската империја[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Le Strange, p. 574. Variant forms of the name include al-Dāthinah, al-Dabiyyah and al-Dābiyah; al-Tabari, p. 108 & n. 587
  2. 2,0 2,1 Kaegi, p. 94
  3. Kaegi, p. 93, speculated that the Arab army may have numbered "more than one thousand, perhaps double or triple that."
  4. Al-Tabari, p. 108
  5. Kaegi, p. 93; "Extract," pp. 18-19
  6. Kaegi, pp. 90-93. Al-Tabari, p. 108, and al-Baladhuri, pp. 167-68, do not name the Byzantine commander, referring to him only by the general rank of patrician (baṭrīq). Theophanes, p. 37, names Sergius, but does not specify the location of the battle and dates it to 632-633 AD.