Битка кај Босра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Босра
Дел од Византиско-арапски војни
Муслиманско освојување на Сирија
Syria bosra theater.jpg
Римски амфитеатар во Босра
Датум јуни-јули634
Место Босра, Сирија
Исход муслиманска победа
Завојувани страни
Праведен калифат Византија,
Гасаниди
Команданти и водачи
Халид ибн ал-Валид Ираклиј I,
Роман
Сила
4,000[1] 12,000[1]
Жртви и загуби
130[1] 8,000

Битката кај Босра се одвила во јуни и јули 634 година помеѓу силите на Гасанидите како сојузници на Византија и Праведниот калифат. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот калифат.

Градот во тоа време бил престолнина на Гасанидите, кои пак биле византиски вазали.

Позадина[уреди | уреди извор]

Калифот Абу Бакр ги испратил своите сили на повеќе боишта во Сирија, но тие не постигнале поголем успех, главно поради големата византиска војска која се наоѓала во Аџнадајн. Поради тоа, Абу Бакр одлучил да го испрати Халид ибн Валид, освојувачот на Месопотамија, во Сирија, како командант на армијата на Праведниот калифат. Халид по првичните успеси, со својата армија пристигнал пред градот Босра во јуни 634 година. Таму го пречекал Абу Убејде ибн ал-Џерах. Тој имал три корпуси од муслиманската армија под своја команда.

Додека Халид го расчистувал регионот на источна Сирија, ал-Џерах добил известување дека треба да пристигне Халид, кој ќе го преземе лидерството во походот. Но тој одлучил да започне со нападот, па го испратил Шурабил со околу 4,000 војници да го заземе Босра, очекуѕвајќи засилување за неколку дена. По пристигнувањето, на христијанските бранители им било понудено да се предадат, барање кое било одбиено.

Во првите два часа од конфликтот, битката се одвивала рамноправно кога попладне византиските сили започнале да напредуваат. Но кога пристигнал на бојното поле Халид, тој веднаш наредил на својата коњаница да нападне. Сепак, Византијците и Халид никогаш не се сретнале бидејќи христијаните кога разбрале за неговото доаѓање се повлекле кон тврдината. Така, муслиманските сили започнале да веруваат дека појавата на Халид претставувала вистинско чудо, бидејќи бил испратен за да ги спаси од пораз.

Битка[уреди | уреди извор]

Следното утро, византискиот гарнизон повторно излегол од тврдината, сметајќи дека муслиманите чекаат дополнително засилување. По поразот кој им бил зададен, византиските сили морале да се повлечат, по кое тврдината била ставена под опсада. Византискиот командант изгубил надеж бидејќи знаел дека нема доволно резерви за живот, и се сомневал во доаѓањето на помош. По неколку дена, тој доброволно го предал градот по мирен пат.

Наводи[уреди | уреди извор]