Прејди на содржината

Битка кај Железниот мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Железниот мост
Дел од Византиско-арапски војни
Муслиманско освојување на Сирија

Железниот мост во Антиохија
Датум октомври 637
Место Антиохија, Сирија
Исход муслиманска победа
Завојувани страни
Праведен Калифат Византија,
Христијански Арапи
Команданти и водачи
Халид ибн ал-Валид,
Абу Убаид
Ираклиј I
Сила
17,000[1] 20,000-30,000[1]
Жртви и загуби
мали 10,000+[1]

Битката кај Железниот мост се одвила во октомври 637 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат. по битката, градот Антиохија паднал под муслиманска власт.

Муслиманските сили постигнале голем успех во Битката кај Јармук. Со оваа победа, тие завладеале со цел Левант. По ова, следувало освојување на Ерусалим, по кое муслиманските сили се упатиле кон северните делови на Сирија, во близина на границата со Анадолија. Целата на муслиманите била да се заземе Антиохија. По освојувањето на Алеп, Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид го зазеле Азас во северна Сирија, кое било од суштинско значење за да се осигурат муслиманските водачи дека во регионот нема повеќе големи византиски гарнизони. По ова, започнала експедицијата кон Антиохија преку Харим[2].

Дванаесет милји од градот, во близина на денешниот мост Маруба или Железниот мост. Главните детали околу битката не се познати. Халид повторно одиграл одлучувачка офанзива како во Битката кај Јармук[3]. Византиските сили претрпеле тешки загуби и биле поразени. Византиските жртви во оваа битка биле највисоки во муслиманското освојување на Сирија, со исклучок на битките на Аџнадајн и Јармук. Дел од византиската војска успеала да побегне кон Антиохија, која била ставена под опдада веднаш по битката.

Градот се предал на 30 октомври 637 според кој договор на византиските сили заминале од градот по мирен пат.

  1. 1,0 1,1 1,2 Akram, A.I. (1970). The Sword of Allah: Khalid bin al-Waleed, His Life and Campaigns, chapter 36. Nat. Publishing. House, Rawalpindi. ISBN 0-7101-0104-X.
  2. al-Tabari, Muhammad ibn Jarir. History of the Prophets and Kings, Vol. 3, p. 98.
  3. al-Tabari, Muhammad Ibn Jarir. History of the Prophets and Kings, Vol. 3, pp.: 99-100.