Опсада на Алеп (637)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 36°11′53″ СГШ; 37°09′48″ ИГД / 36.198133° СГШ; 37.16328° ИГД / 36.198133; 37.16328

Опсада на Алеп
Дел од Византиско-арапски војни
Муслиманско освојување на Сирија)
Датум јули 637 - октомври 637
Место Алеп, Сирија
Исход муслиманска победа
Завојувани страни
Праведен калифат Византија
Команданти и водачи
Абу Убајдах
Халид ибн ал-Валид
Јоаким
Сила
17,000 непознато
Жртви и загуби
мали непознато

Опсадата на Алеп траела во периодот од јули 637 до октомври 637 година. Конфликтот се одвил помеѓу силите на Византија и Праведниот калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот калифат.

Позадина[уреди | уреди извор]

По решавачката битка кај Јармук, муслиманите продолжиле кон северните делови на Сирија. По преземањето на многу мали и големи градови од Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид и по последната победа кај Хазир, муслиманските сили се упатиле кон Алеп, кој бил раководен од страна на генералот Јоаким. Градот Алеп се состоел од големи ѕидини на врвот од еден рид и опкруен со ров.

Битка[уреди | уреди извор]

Византискиот командант на Алеп, Јоаким, се сретнал со муслиманска армија под команда на Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид надвор од тврдината. Тој бил поразен и набрзина се повлекол во тврдината. Јоаким не добие никакви знаци на било каква помош од страна на царот Ираклиј. Како резултат на тоа, околу октомври 637, Римјаните го предаде градот под услов војниците мирно да заминат од градот. Јоаким го прифатил исламот[1], заедно со околу 4,000 војници. Самиот тој се покажал извонредно способен и лојален офицер, а се борел и во неколку битки.

Наводи[уреди | уреди извор]