Опсада на Ерусалим (637)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Опсада на Ерусалим (637)
Дел од Византиско-арапски војни
Муслиманско освојување на Сирија
Image of Al-Aqsa mosque, Jerusalem.
Џамијата Ал-Акса
Датум ноември 636 – април 637
Место Ерусалим
Исход муслиманска победа
Територијални
промени
Ерусалим бил заземен од Праведниот калифат
Завојувани страни
Flag of Afghanistan (1880–1901).svg Праведен калифат Byzantine imperial flag, 14th century.svg Византија
Команданти и водачи
Абу Убаид
Халид ибн ал-Валид
Софрониј Ерусалимски
Сила
~20,000[1] непознато

Опсадата на Ерусалим траела во периодот од ноември 636 до април 637 година помеѓу силите на Византија и Праведниот калифат на територијата на денешен Израел. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот калифат.

Опсадата на градот започнала кога муслиманскиот лидер Абу Убаид наредил опсада на градот, за да по шест месеци патријархот Софрониј се согласи да го предаде градот, но под услов градот да се предаде на арапскиот калиф. Така во април 637 година во Ерусалим пристигнал Омер на кој официјално му бил предаден градот.

Муслиманското освојување ја заврстила арапската контрола врз Палестина, контрола која ќе ја задржи до почетокот на Првата крстоносна војна кон крајот на 11 век. Ерусалим од страна на муслиманите започнал да се гледа како свет град за исламот, но градот останал свет и за евреите и христијаните. во 613 година, еврејскиот бунт против Ираклиј I кулминирал со освојување на градот од страна на Персија и формирање на еврејска автономна област. Револтот завршил со заминувањето на Персијците и масакар врз еврејското население во 629 година од страна на Византија, по кое завршила еврејската автономија и управа на градот.

Позадина[уреди | уреди извор]

Ерусалим претставувал важен византиски град за Палестина Прима. Само 23 години пред муслиманското освојување, во 614 година, градот паднал под персиска управа. Персијците го ограбиле градот, а се смета и дека масакрирале 90,000 христијански жители[2]. Како дел од грабежите, во Црквата на Светиот гроб бил уништен и ограбен Вистинскиот крст, кој по ова бил однесен во престолнината Ктесифон. Подоцна крстот бил вратен во Еусалим од страна на Ираклиј, откако неговата армија успеала да издвои конечна победа против Персија во 628 година[3][4]. Се смета дека еврејското население, кое долги години било прогонувано во рамките на Римската империја, ги помагало на персиските војски.[5]

По смртта на Мухамед во 632 година, муслиманското раководство било предадено на калифот Абу Бакр, кој го завршил обединувањето на арапските племиња започнати од Мухамед[6]. Во 634 година Абу Бакр испратил повик за џихад (света војна), со кое започнал процесот на проширување и арапските освојувања. Први на удар биле областите кои биле под власта на Византија кон северните делови и тоа Сирија и Месопотамија. Персиска Месопотамија паднала без поголем отпор додека Византија со тешки напори ја пречекала арапската експанзија[7].

По смртта на Абу Бакр, на негово место застанал Омер, кој ги продолжил политиките на своите претходници[8] . Во мај 636, царот Ираклиј започнал голема експедиција да ги поврати изгубените територии, но неговата војска била поразена решително во битката кај Јармук во август 636. Потоа, Абу Убаид, муслиманскиот командант на армијата во Сирија го свикал советот за војна на кој биле разгледувани прашањата околу идните напади кон Сирија и Палестина. На состанокот преовладувало мислењето дека мора да се освојат градовите Ерусалим и Кесарија, како стратешки и многу важни градови. Калифот Омер наредил најпрвин да се нападне Ерусалим. Така, тој заедно со Халид ибн ал-Валид започнале марш кон Ерусалим. Муслиманите пристигнале во почетокот на ноември, и по пристигањето византискиот гарнизон се повлекол кон утврдениот град[1].

Опсада[уреди | уреди извор]

Ерусалим бил добро утврден град, по зазимањето од страна на Ираклиј во војната против Персија[9]. Ерусалимскиот патријарх Софрониј Ерусалимски ја санирал одбраната и ѕидините на градот[10]. Муслиманите досега не се обиделе да го опсаднат градот претходно. По битката кај Јармук, градот бил отсечен од остатокот на Сирија, и се претпоставува дека подготовките за опсада започнале веднаш по битката[9] . Кога муслиманската војска стигнала до Ерихон, Софрониј ги собрал сите свети мошти вклучувајќи го и Вистинскиот Крст, и тајно ги испратил до брегот за да бидат испратени до византиската престолнина Константинопол[10]. Муслиманските трупи го опседнале градот во ноември 636. Наместо немилосрдните напади врз градот, тие одлучиле да се продолжи со опсадата додека византиските сили не прифатат доброволно да го предадат градот[11].

Иако деталите околу опсадата не биле регистрирани, се претпоставува дека византискиот гарнизон не може да очекува никаква помош од Ираклиј. По опсадата која траела четири месеци, Софрониј понудил да се предаде на градот и да плати данок, под услов калифот дојде во Ерусалим за да го потпише договорот[12]. Се вели дека кога Софрониј ги предадел условите за предавање на градот, еден од муслиманските команданти сугерирак дека наместо да го чекаат калифот да дојде од Медина, Халид ибн Валид треба да биде испратен бидејќи биле многу слични еден со друг[13]. Но ова не успеало, бидејќи Халид бил многу познат во Сирија или можеби затоа што христијанските Арапи кои ја посетиле Медина, го знаеле самиот калиф Омер. Поради тоа, ерусалимскиот патријарх одбил да преговара по кое Абу Убаид му пишал на калифот Омер, кој прифатил да дојде и да го преземе градот од ерусалимскиот патријарх[14].

Предавање[уреди | уреди извор]

Во почетокот на април 637, Омер пристигнал во Палестина. По предавањето на градот, муслиманскиот калиф дал гаранции за гражанска и верска толеранција кон христијаните во замена на џизија или данок. Истиот бил потпишан од калифот Омер во име на муслиманите, во присуство на Халид, Амр, Рахман. Кон крајот на април 637 година, Ерусалим официјално бил предаден на калифатот. За прв пат, по речиси 500 години од римското владеење, на еврејското население му било дозволено да живее во внатрешноста на градот.

Самиот ерусалимски патријарх го поканил Омер заедно да се молат во црквата на Светиот гроб. Омер ја одбил пканата, стравувајќи дека прифаќањето на поканата може да го загрози статусот на црквата како христијански храм, и дека муслиманите може да го прекршат договорот и да го претворат храмот во џамија. По престојот од десет дена во Ерусалим, калифот се вратил во Медина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Akram 2004, стр. 431.
  2. Greatrex & Lieu 2002, стр. 198.
  3. Haldon 1997, стр. 41
  4. Greatrex–Lieu 2002, стр. 189–190
  5. Haldon 1997, стр. 46.
  6. Nicolle 1994, стр. 12–14
  7. Nicolle 1994, стр. 12–14.
  8. Lewis 2002, стр. 65.
  9. 9,0 9,1 Gil 1997, стр. 51.
  10. 10,0 10,1 Runciman 1987, стр. 17.
  11. Gibbon 1862, Volume 6, p. 321.
  12. Benvenisti 1998, стр. 14.
  13. al-Waqidi. Futuh al-Sham, Volume 1, p. 162; Imad ad-Din al-Isfahani. al-Fath al-Qussi fi-l-Fath al-Qudsi, Volume 15, pp. 12–56.
  14. Akram 2004, стр. 433.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]