Опсада на Дамаск (634)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсада на Дамаск
Дел од Византиско-арапски војни
Муслиманско освојување на Сирија
Image of one of the ancient gates of Damascus, the Kisan gate.
Порта Кисан, една од шестте порти на градот
Датум 21 август – 19 септември 634
Место Дамаск, Сирија
Исход муслиманска победа
Завојувани страни
Праведен Калифат Византија
Команданти и водачи
Халид ибн ал-Валид Тома
Сила
20,000 15,000–16,000[1]
Жртви и загуби
мала голема

Опсадата на Дамаск траела во периодот од 21 август до 19 септември 634 година. Конфликтот се одвил помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат, станувајќи првиот голем град на Византија кој паднал во рацете на муслиманите.

Последната Византиско-персиска војна завршила во 627-628 година, кога византискиот цар Ираклиј I започнал успешен поход против Персија во Месопотамија. Во исто време, муслиманскиот пророк Мухамед, под знамето на исламот започнал напади кон териториите на Византија и Персија. По неговата смрт во 632 година, Абу Бакр станал првиот владетел на Праведниот Калифат. По задушувањето на неколку локални востанија, муслиманите започнале напади надвор од Арапскиот полуостров[2].

Во април 634, Абу Бакр ја нападнал Византиското Царство во Левант и ја поразил византиската армија на неколкупати, посебно во Битката кај Аџнадајн. По овој успех, муслиманите продолжиле кон север и го ставиле под опсада важниот град Дамаск. Додека дамаскиот командант Тома се договорил со вториот муслимански командант за мирно предавање на градот, Халид ибн ал-Валид успеал да влезе во градот по нападот од источната порта. По зазимањето на градот започнал спор околу условите на мирните преговори за предавање на градот, по кое новите освојувачи се согласиле дека мировните услови дадени од Абу Убајдах ќе бидат исполнети. Од друга страна пак, ал-Валид иако се согласил на мировните услови, по три дена започнал со протерување на бегалците и напад кон Антиохија[3].

Позадина[уреди | уреди извор]

Мапа која ја покажува муслиманската инвазија во Левант.

Во 610 година, во текот на византиско-персиската војна, Ираклиј станал цар на Византија по соборувањето на Фока[4]. Додека Ираклиј своето внимание го насочувал кон внатрешните работи на империјата, Персија ја освоила Месопотамија и Сирија, по кое започнала напади и во Анадолија. Во 612 година Ираклиј ги протерал Персијците од Анадолија, додека следната 613 година започнал офанзива против Сирија но бил поразен во истата[5].

Во следната деценија, Персија ја освоила Палестина и Египет, по кое Ираклиј повторно ја обновил својата армија, подготвувајќи се за нов напад во 622 година[6]. Во овие напади тој постигнал значителни успеси во Кавказ и Ерменија. Во 627 започнал офанзива во Месопотамија, каде најпрвин постигнал убедлива победа во Битката кај Ниневија. По оваа победа се заканил и на главниот град Ктесифон[7]. Во превратот во Персија[7], новиот владетел успеал да склучи мировен договор со Ираклиј I и да му ги врати одземените територии.[8].

Во Арабија, муслиманскиот пророк Мухамед успеал да го обедини поголемиот дел од полуостровот под единствена религија и армија. По неговата смрт во 632 година, Абу Бакр станал станал првиот владетел на Праведниот Калифат. По задушувањето на неколку локални востанија, муслиманите започнале напади надвор од Арапскиот полуостров[2], но веќе во 633 година, Арабија станала цврсто обединета под централна власт на калифатот во Медина[9]. Во 633 година, Абу Бакр започнал воен поход за освојување на територии во Персија и Византија.[10]. По успешното освојување на персиска Месопотамија, започнале нападите во Левант од четири различни правци. На чело на армијата се наоѓал Халид ибн ал-Валид[11], кој храбро со својата армија влегол во Сирија. Неговите успеси започнале по зазимањето на градот Босра, кој претставувал главен град на арапското христијанско плене Гасаниди.

Во 634 година, тој исто така ја поразил и византиската војска во Битката кај Аџнадајн, по која битка се упатил кон големиот град Дамаск, ставувајќи го под опсада[12].

Одлики на градот[уреди | уреди извор]

Градот Дамаск претставувал голем трговски центар на Блискиот Исток, привлекувајќи трговци од целиот свет. Познат како сириски рај[13], градот бил заобиколен од фортификација. Главниот дел од градот бил ограден со ѕидини високи 11 метри. Внатрешноста на градот имала 1,500 метри должина и 800 метри ширина.

Во градот се влегувало преку шест порти:

Иако реката Барада се наоѓа во северниот дел од Дамаск, таа била премногу плитка за да одигра некаква дефанзивна важност[14].

Во времето на сириската кампања, византиски командант на градот бил Тома, зет на Ираклиј I. Тој бил побожен христијанин и познат по својата храброст, интелигентност и образование[13].

Муслиманска подготовка[уреди | уреди извор]

Муслиманските сили околу градот

Муслиманските војски во 7 век сè уште немале опрема за опсада на некој град, и обично во такви случаи практикувале тактички план за зазимање на градовите или тврдините. Поради овој проблем, војските на раните муслимански освојувачи започнувале со опкружување на градот и стопирајќи го снабдувањето на бранителите и населението до нивно предавање. Во меѓувреме, сите шанси за влегување во градот биле искористувани, а се користел и поткуп на некој од внатрешноста на тврдините.

Така, за да биде Дамаск изолиран, Халид ги пресекол линиите за транспорт во северна Сирија. На запад застанала коњаницата на Фахал која го окупирала вниманието на визнтискиот гарнизон, друг одред бил испратен на патот кон Емеса.

Изолирајќи ја околината, Халид наредил да се опкружи градот на 21 август 634 година[15]. На командантите им било наредено да се откажат од каков било византиски напад од соодветните порти на градот[16], но и да побараат помош во случај на поголем напад. Кон сите порти на градот биле поставени посебни одреди кои броеле до 5,000 војници и секоја од нив имал свој командант:

Халид бил стациониран како главнои воено тело кон источната порта.[17]. Тој својот штаб го основал на кратко растојание од источната порта во еден манастир.

Византиски одговор[уреди | уреди извор]

Ираклиј се смета дека се наоѓал во Антиохија кога разбрал за опсадата. Така на 9 септември тој испратил армија која броела околу 12.000 војници[18]. По патот од населените места имсе придружиле дополнителен број на војници. Откако ја слушнал оваа вест, Халид го испратил на Рафи со војска од 5.000 луѓе. Двете сили се сретнале на 32 километри северно од Дамаск, во Укаб Пас, на патот Дамаск-Емеса[19]. Таа сила се покажала како недоволна, поради која била опкружена од византиската армија. Според податоците, пред Византијците да им нанесат пораз, Халид успеал со околу 4,000 војници[20] да пристигне на бојното поле и да ги победи на противничките сили[19].

Муслиманската опсада најверојатно била ослабнета поради повлекување на 9,000 војници од околината на тврдината. Разбирајќи ја опасноста, Халид побрзал да се врати пред портите на Дамаск[21].

Битка за градот[уреди | уреди извор]

Првиот византиски напад[уреди | уреди извор]

Thomas gate of Damascus
Ѕидините на Дамаск кај портата на Тома

Откако заклучил дека засилување нема да дојде во градот, Тома одлучил да започне контра офанзива[22]. Во почетокот на третата недела од септември 634 година, Тома ги повикал сите луѓе од градот за да се формира доволно голема сила за да се пробијат кај портата на Тома. Кај портата тој се соочил со околу 5,000 муслимански војници предвоени од Шурабил. Византискиот напад започнал со стрелање, византиската пешадија која била покриена од византиските стрелци на ѕидините, се упатиле кон портата и ја рашириле опсадната муслиманска линија. Нападот бил воден од самиот Тома[23], но во текот на овој напад тој бил погоден во десното око со стрела. По овој неуспех, Византијците започнале да се повлекуваат кон тврдината. Повредениот Тома се заколнал дека како одмазда ќе избоди илјада други очи. Кога бил во тврдината, наредил уште еден напад кон муслиманите, но во текот на ноќта[19].

Вториот византиски напад[уреди | уреди извор]

Овој пат Тома планирал да започне истовремени напади од четири порти. Како главен напад требало да биде повторно портата на Тома[24], додека нападите кон другите порти требало да предизвика паника кај муслиманските сили и неможност да им помогнат на своите соборци кај портата Тома. Така, на источниот дел биле собрани најголемиот дел од византиските војници.

Кога нападите започнале, византиските сили биле одбиени кај портата Џабија и тие започнале да се повлекуваат кон тврдината. КОнфликтот кај портата Јазид пак била добиена од муслиманите кога тие добиле дополнителна поткрепа на околу 2,000 војници[22].

На источната порта, ситуацијата била поинаква бидејќи муслиманите немале можност да ги издржат нападите[25]. Но навременото пристигнување на Халид со неговата коњаница значело пресвртница во нападот кај источната порта. Овде се случиле и најголемите битки. По интензивните борби, Тома согледувајќи дека нема промени во муслиманската опсада и не е намалена можноста за нивно повлекување, одлучил дека продолжувањето на нападите би било залудно и дека ќе се доведе до дополнителни жртви меѓу неговите војници и мирното население. Поради тоа, тој наредил повлекување кое било проследено со муслимански стрелби. Ова претставувал последен обид на Тома да ја пробие опсадата, но и овој обид бил неуспешен. Тој загубил илјадници војници во бесуспешните напади и немал можност да започне нов напад кон надворешните ѕидини на градот[26].

Нападот на Халид[уреди | уреди извор]

Eastern gate of damascus
Источната порта во Дамаск.

На 18 септември, еден сириски монофизитски свештеник го информирал Халид дека во градот се прославува некој празник[27]. Овие свечености му дале можност на Халид да направи изненадувачки напад кон ѕидините кои не биле бранети од голем број војници. За возврат, свештеникот побарал имунитет за себе и за неговите верници.[28]. Така, без да направи каков било координиран план, Халид одлучил да нападне од источната порта. Кога дел од војниците со јажина се искачиле на врвот од тврдината, и започнале напад кон стражарите на источната порта по кое византиските сили биле поразени, а портата била отворена. Кога Халид ја отворил портата, во гладот следувала инензивна битка[15].

Муслиманската практика била многу јасна: доколку еден град се предаде тогаш жителите на градот ќе бидат поштедени, но доколку не го сторат тоа, по зазимањето градот ќебиде ограбен. Тома се обидел да го спаси Дамаск за последен пат. Тој испратил пратеници кај портата Џабија за да разговараат со Абу Убајдах, вториот по команда муслимански генерал и понудил да ја предаде тврдината по мирен пат и да плати данок[29]. Тој ја прифатил понудата мислејќи дека ќе се согласи и самиот Халид[30].

Веста била испратена до сите команданти. По мугрите Абу Убајдах влегол во Дамаск додека Халид сè уште се борел кај источната порта. Абу марширал мирно заедно со Тома и некои високи функционери кон центарот на градот, во црквата Пресвета Богородица[31].

Предавање на градот[уреди | уреди извор]

Халид кажал дека градот тој го освоил со сила, а од друга страна Абу го поседувал градот преку капитулација и мировен договор со Тома. КОмандантните корпуси разговарале за настанатата ситуација, и наводно Халид кажал дека морало да се почитува мировниот договор.

Според договорот, никој во градот нема да биде повреден, нема да биде направена штета врз храмовите ниту пак населението ќе биде земено како робови. Ова важело за секој христијански граѓанин на Дамаск кој ќе продолжи да живее под муслиманска власт. Исто така, мировниот договор ќе завршил по три денови кога муслиманите повторно би можеле да нападнат други населени места.

По падот[уреди | уреди извор]

По предавањето на градот, Халид не го одржал ветувањето дадено во Дамаск и започнал поход кон конвојот бегалци кој се движел кон Антиохија[32]. Во следната битка наводно Халид го убил на Тома во двобој. По битката, позната како битка кај Мараџ ал-Дебаџ, муслиманите ги заробиле на бегалците, во кој се наоѓала и сопругата и ќерка на Ираклиј I. Во исто време самоубиство извршила сопругата на грчкиот свештеник кој го предал градот на Дамаск, и самиот Халид му ја понудил черката на Ираклиј, но тој тоа го одбил. По ова, таа била испратена назад кај нејзиниот татко, додека грчкиот свештеник загинал во Битката кај Јармук[33].

По смртта на Абу Бакр во Медина, на негово место застанал Омер. Тој го отстранил Халид од позицијата командант на муслиманската армија и го именувал Абу Убајдах. Во подоцнешните години, муслиманските сили го зазеле целиот Левант, проследено со освојувањето на Антиохија во 638 година. Во 639 и 640 Византија ги изгубила Ерменија и Месопотамија, по 642 Египет и Триполитанија[34].

Дамаск бил избран за главен град на исламска Сирија. За прв управител на градот бил прогласен Јазид ибн Абу Суфџан. По неговата смрт во 640 година, неговиот брат Муавија, по смртта на Али во 661 година, станал основач на династијата Омејади со престолнина во Дамаск[35].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Akram 2004, стр. 290
  2. 2,0 2,1 Akram 2004, стр. 188
  3. Avi-Yonah 2003, стр. 129
  4. Haldon 1997, стр. 41
  5. Greatrex–Lieu 2002, стр. 189–190
  6. Greatrex–Lieu 2002, стр. 196
  7. 7,0 7,1 Greatrex–Lieu 2002, стр. 217–227
  8. Haldon 1997, стр. 46
  9. Nicolle 1994, стр. 12–14
  10. Kennedy 2006, стр. 25
  11. Nicolle 1994, стр. 33
  12. Nicolle 1994, стр. 56
  13. 13,0 13,1 Akram 2004, стр. 294
  14. Akram 2004, стр. 291
  15. 15,0 15,1 Burns 2007, стр. 99
  16. Nicolle 1994, стр. 57
  17. 17,0 17,1 Akram 2004, стр. 296
  18. Milman 2009, стр. 147
  19. 19,0 19,1 19,2 Milman 2009, стр. 148
  20. Sahas 1972, стр. 19
  21. Akram 2004, стр. 298
  22. 22,0 22,1 Nicolle 1994, стр. 58
  23. Al-Waqidi & 8th century, стр. 46
  24. Milman 2009, стр. 148–149
  25. Milman 2009, стр. 149
  26. Akram 2004, стр. 300
  27. Sicker 2000, стр. 12
  28. Crowdy 2006, стр. 45
  29. Akram 2004, стр. 301
  30. Archer 2008, стр. 129
  31. Milman 2009, стр. 150
  32. Nicolle 1994, стр. 59
  33. Al-Waqidi & 8th century, стр. 55–56
  34. Akram 2004, стр. 297
  35. Burns 2007, стр. 106–107

Библиогрегија[уреди | уреди извор]

  • Akram, Agha Ibrahim (2004), The Sword of Allah: Khalid bin al-Waleed - His Life and Campaigns, Oxford University Press: Pakistan, ISBN 0-19-597714-9
  • Archer, Christon I (2008), World History of Warfare, University of Nevada Press, ISBN 978-0-8032-1941-0
  • Avi-Yonah, Michael (2003), History of Israel and the Holy Land, Continuum International Publishing Group, ISBN 9780826415264
  • Burns, Ross (2007), Damascus: A History, Routledge, ISBN 978-0-415-41317-6
  • Crowdy, Terry (2006), The enemy within: a history of espionage, Osprey Publishing, ISBN 978-1-84176-933-2
  • Greatrex–Lieu; Lieu, Samuel N. C. (2002), The Roman Eastern Frontier and the Persian Wars (Part II, 363–630 AD), Routledge, ISBN 0-415-14687-9
  • Haldon, John (1997), Byzantium in the Seventh Century: the Transformation of a Culture, Cambridge, ISBN 0-521-31917-X
  • Kennedy, Hugh N. (2006), The Byzantine and early Islamic Near East, Ashgate Publishing, ISBN 978-0-7546-5909-9
  • Milman, Edward Gibbon (revised by Henry Hart Milman) (illustrated 2009 edition), The Decline and Fall of the Roman Empire, BiblioBazaar, ISBN 978-1-113-92820-7 Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  • Nicolle, David (1994), Yarmuk 636 A.D.: The Muslim Conquest of Syria, Osprey Publishing, ISBN 1-85532-414-8
  • Sahas, Daniel J (1972), John of Damascus on Islam: The "Heresy of the Ishmaelites.", BRILL, ISBN 978-90-04-03495-2
  • Sicker, Martin (2000), The Islamic world in ascendancy: from the Arab conquests to the siege of Vienna, Greenwood Publishing Group, ISBN 978-0-275-96892-2

Надворешни врски[уреди | уреди извор]