Мрамор (село)

Координати: 41°25′12″N 21°48′50″E / 41.42000° СГШ; 21.81389° ИГД / 41.42000; 21.81389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мрамор
Мрамор во рамките на Македонија
Мрамор
Местоположба на Мрамор во Македонија
Мрамор на карта
Координати 41°25′12″N 21°48′50″E / 41.42000° СГШ; 21.81389° ИГД / 41.42000; 21.81389
Регион  Вардарски
Општина Кавадарци
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 468 м
Мрамор на општинската карта

Атарот на Мрамор во рамките на општината
Мрамор на Ризницата

Мрамор — историско село во Тиквешко, на границата на Општина Кавадарци со Општина Прилеп.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Раец, десниот брег на реката Раец, западно од с. Раец. Денес е сместено на планинска падина во северниот дел на атарот на Голем Радобил, Општина Прилеп.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстар пишан податок за Мрамор е дека во 1519 година, селото имало 13 семејства и 3 вдовици. Во 1573 – 21 семејство и 18 неженети.

Во XIX век Мрамор било село во Тиквешката каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Мрамор (Mramor) се води како село со 41 домаќинства и 185 жители Македонци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мрамор имал 233 жители, сите Македонци христијани.[2][4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[5]

Родови[уреди | уреди извор]

Мрамор било македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

  • Староседелци: Анѓелевци-Пемовци (2 к.), Ѓелевци (1 к.), Шоклевци (1 к.), Чепенковци (1 к.) и Ковачовци (3 к.)
  • Доселеници:
  • Димевци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско.
  • Лазевци (1 к.) доселени се од селото Дреново.
  • Ѓоровци (1 к.) и они се од селото Дреново.[6]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од крајот на XIX век, многу население избегало во Прилеп.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. 6,0 6,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.