Грб на Того

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грб на Того.

Грбот на Того е официјален грб на државата кој е во употреба од 14 март 1962 година.

Елементи[уреди | уреди извор]

Грбот е составен од елипсовиден круг во кој има прикажано два црвени лава свртени со грбовите кои држат стрели и лакови во црна боја. Лавовите ја симболизираат храброста на луѓето, додека лаковите и стрелите стојат како повик на луѓето да бидат активни за одбрана на слободата на државата. Помеѓу лавовите има приказ на штит во златна боја каде има приказ на буквите RT што значат République Togolaise или Тогоанска Република. Штитот е поставен на две вкрстени тогоански знамиња над кои има лента со натпис „Работа, слобода, татковина“ или на француски "Travail, Liberté, Patrie".

Поврзано[уреди | уреди извор]