Грб на Сенегал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Сенегал
Подробно
ГрбоносецСенегал
Усвоен1960-те
Мотофранцуски: UN PEUPLE UN BUT UNE FOI

Грбот на Сенегал е службен грб на државата кој е во употреба од 1960-те години. Грбот е составен од штит кој е поделен на два дема во црвена и златна боја. На црвеното поле има златен лав кој е симбол на народот, а на златното поле има приказ на баобаб. Над штитот има зелена голема петокрака, а околу штитот има бел венец. Венецот е опколен со бела лента на која има натпис „Еден народ, една цел, една вера“ на француски јазик. На лентата има петокрака во панафрикански бои.

Поврзано[уреди | уреди извор]