Грб на Гамбија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Грбот на Гамбија е официјалниот грб на оваа африканска држава. Грбот бил усвоен на 18 ноември 1964. Грбот е составен од приказ на два црвени лава кои држат секира и мотика во златна боја, претставени накрсно, поставени на штит во сина боја со бела и зелена граница. Лавовите и штитот се поставени на лента во бела боја на која има напишано „Прогрес - Мир - Просперитет“ на англиски јазик. Над штитот има шлем со орнамент. Лавовите ја претставуваат колонијалната историја на Гамбија како колонија на Британската Империја. Секирата и мотиката претставуваат земјоделство, но се верува дека ги симболизираат и двете најголеми етнички групи: Мандинка и Фулани. Палмата, која е над шлемот, е национално дрво.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]