Бад Фрајенвалде

From Википедија
Jump to navigation Jump to search
Бад Фрајенвалде
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Бад Фрајенвалде
Бад Фрајенвалде is located in Германија
Бад Фрајенвалде
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Меркиш-Одерланд
Градски единици 7
Градоначалник Ралф Леман (независен)
Основни податоци
Површина 131,73 км2
Надм. височина 10-158 м
Население 12.365 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 94 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MOL, порано FRW
Пошт. бр. 16259
Повик. бр. 03344
Местоположба на градот Бад Фрајенвалде во рамките на округот Меркиш-Одерланд
Карта
Координати 52°47′8″N 14°01′57″E / 52.78556° СГШ; 14.03250° ИГД / 52.78556; 14.03250Координати: 52°47′8″N 14°01′57″E / 52.78556° СГШ; 14.03250° ИГД / 52.78556; 14.03250

Бад Фрајенвалде (германски: Bad Freienwalde, полски: Tarnowica) е бањски град во округот Меркиш-Одерланд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на стариот тек на реката Одра на северозападниот крај од басенот Одербрух, 15 километри источно од Еберсвалде и 50 километри североисточно од Берлин, близу границата со Полска. Во градот влегуваат селата Алтранфт, Алтглицен, Бралиц, Хоензатен, Хоенвуцен, Нојенхаген и Шифмиле.

Историја[edit | edit source]

Црква во Алтранфт
Капела во Бралиц

Фрајенвалде бил прв пат споменат во декрет од 1316 и се појавил како град во 1364. Минерален извор бил откриен во 1685, именуван Kurfürstenquelle („извор на изборниот кнез“) по изборниот кнез Фридрих Вилхелм Први. Малата неокласична палата Фрајенвалде била изградена во 1799 според плановите на Давид Жили како летна резиденција на Фредерика Луиза, вдовица на кралот Фридрих Вилхелм Втори. Нејзиниот парк бил проектиран од Петер Јозеф Лене во 1822. Индустријалецот Валтер Ратенау ја купил палатата во 1909.

Познати луѓе[edit | edit source]

Меѓународни односи[edit | edit source]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Бад Фрајенвалде е збратимен со:

Наводи[edit | edit source]