Нојхарденберг
Нојхарденберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Меркиш-Одерланд |
Месна заед. | Нојхарденберг |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Марио Еска (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 77,94 км2 |
Надм. височина | 12 м |
Население | 2.791 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 36 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MOL |
Пошт. бр. | 15320 |
Повик. бр. | 033476 |
Портал | www.amt-neuhardenberg.de |
Местоположба на Нојхарденберг во рамките на округот Меркиш-Одерланд | |
Координати | 52°36′N 14°15′E / 52.600° СГШ; 14.250° ИГД |
Нојхарденберг (германски: Neuhardenberg) — општина во округот Меркиш-Одерланд, во Бранденбург, Германија. Во општината се наоѓа дворецот Нојхарденберг, резиденција на прускиот принц Карл Август фон Харденберг. Општината се состои од селата Харденберг, Алтфридланд, Квапендорф и Вулков. Нојхарденберг е дел и административно седиште на истоимената општинска заедница.
Имиња на местото
[уреди | уреди извор]Најстариот документ за постоење на местото е од 1348 и во него се споменува како Квилиц (Quilicz). Подоцна бил изменет начинот на пишување на името (Quilitz). Кога во 1814, Карл Август фон Харденберг го добил дворецот, веднаш го преименувал местото во Ној-Харденберг (Neu-Hardenberg). На меѓународниот ден на трудот, 1 мај 1949, местото било преименувано во Марксвалде (Marxwalde) во чест на Карл Маркс. Ова било вратено на 1 јануари 1991. Оттогаш, местото повторно го носи старото име Нојхарденберг (Neuhardenberg), но со мал изменет начин на пишување.
Историја
[уреди | уреди извор]Изградбата на дворецот Нојхарденберг со внатрешното уредување од Карл Готхард Лангханс потекнува од крајот на 18 век. Во 1763, прускиот генерал Јоаким Бернхард фон Притвиц го добил Квилиц, поранешен посед на благородничкото семејство Пфуел. Историското село било уништено од пожарот во 1801 и обновено во неокласичен стил според плановите на Карл Фридрих Шинкел. Од 1820 Шинкел го обновил дворецот, додека градините биле направени според плановите на принцот Херман фон Пиклер-Мускау и Петер-Јозеф Лене.
Карл-Ханс Граф фон Харденберг држел состаноци за подготовка на Јулската завера, по која бил уапсен и неговиот имот бил запленет од нацистичките власти. Во 1945, Харденберг повторно се соочил со одземање на неговите имоти од советската воена администрација. Дворецот бил претворен во училиште. Од 1957, аеродромот во Марксвалде изграден во 1930-тите бил проширен како база на винг на Источногерманските воени сили.
По повторното обединување на Германија, дворецот бил обновен од семејството Харденберг и припаднал на здружението на банки. По обновувањето бил повторно отворен во 2002 во присуство на тогашниот германски претседател Јоханес Рау. Денес се користи за конференции и културни настани.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Нојхарденберг на Ризницата ?
- Фондација на замокот Архивирано на 18 ноември 2009 г.
|