ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Детелинка“

Од Википедија — слободната енциклопедија
ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Детелинка“
Детската градинка во 2023
Карта
Општи податоци
ВидДетска градинка
МестоКочани, Македонија
Адресаул. „Смилевски конгрес“
Темелот удрен2019
Завршена2021
Сопственик Кочани
ПоседникДетска градинка „Павлина Велјанова“
Технички податоци
Катови2
Лифтови1

ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Детелинка“детска градинка која се наоѓа во Кочани. Таа е огранок на главната градинка „Павлина Велјанова“.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градинката се наоѓа во населбата Драчевиќ, во западниот дел на Кочани.

Историја[уреди | уреди извор]

Градежните активности и припремата започнале во ноември 2019 година.[1] Во мај 2020 година, биле ставани темелите на градбата.[2] Во октомври 2021 година, министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја посетила завршената градинка.[3]

Особености[уреди | уреди извор]

Градинката има шест групи, (две јаслени за деца до две годишна возраст и четири до шестгодишна возраст) со сместивост до 112 дечиња. Градинка нуди згрижување на дечиња со попреченост. Градинката која има приземје и кат, располага со лифт, со две кујни сместени на приземје и на кат, внатрешно детско игралиште со тобоган кој ги поврзува двете нивоа, како и друга опремнина за качување. Детската градинка има и надворешна занимална, кој по потреба може да биде отворена или затворена зависно од временските услови.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Се гради нова градинка во населбата Драчевик во Кочани“. vecer.press. 18 ноември 2019. Архивирано од изворникот 2019-11-20. Посетено на 25 септември 2023.
  2. „Се поставуваат бетонските основи на новата градинка во населбата Драчевик“. TVKanal8. 18 ноември 2019. Архивирано од изворникот 2023-09-25. Посетено на 25 септември 2023.
  3. 3,0 3,1 „Шахпаска: Во новата инклузивна детска градинка во Кочани ќе бидат згрижени 112 дечиња“. Министерство за труд и социјална политика. 13 октомври 2021. Архивирано од изворникот на 26 јануари 2022. Посетено на 21 септември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]