Арбен Таравари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арбен Таравари
Премиер Зоран Заев
Претходник Никола Тодоров
Наследник Венко Филипче
Градоначалник на Општина Гостивар
На должноста
1 ноември 2017 – во служба
Претходник Невзат Бејта
Министер за здравство
На должноста
1 јуни 2017 – 31 октомври 2017
Претседател на Алијанса за Албанците
На должноста
24 декември 2022 – 18 февруари 2024
Лични податоци
Роден(а) 9 април 1973(1973-04-09)(51 г.)
Гостивар, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Албанец
Партија Алијанса за Албанците
Сопружник Нора Таравари (мом. Јусуфи)
Деца 2
Установа Св. Кирил и Методиј
Професија невролог, политичар, државник

Арбен Таравари (9 април 1973 во Гостивар) — македонски лекар и поранешен министер за здравство во владата од 2017. Тој моментално е градоначалник на Општина Гостивар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Средно медицинско училиште завршил во „Панче Попоски“ во Гостивар, а дипломирал на Медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2010 година, започнал да биде редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Mediicus“ и „Vox Medici“. Исто така бил раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми при Универзитетска клиника за неврологија.[1] Таравари е оженет со Нора Таравари и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик.[2]

На локалните избори во 2017 година Таравари станал градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот противкандидат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта со што станува единствен градоначалник, кој е градоначалник двапти по ред. На 29 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Арбен Таравари победил во вториот круг и станал старо нов градоначалник на Општина Гостивар.[1] Тој ја претставувал коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Книги[уреди | уреди извор]

  • „Мигрени, главоболки и болни синдроми“ (2016)
  • „Практикум по неврологија“ (2014)
  • Клинички и генетски наоди кај болни со идиопатска Паркинсонова болест, докторска дисертација (2011)
  • Клиничко-епидемиолошка студија на паркинсонизмот во Скопје: магистерски труд (2006)
  • Фармако тераписки прирачник (2006)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Градоначалник на општината“. Општина Гостивар. Архивирано од изворникот на 12 декември 2021. Посетено на 12 декември 2021.
  2. Арбен Таравари – министер за здравство Архивирано на 4 јуни 2017 г. A1on.mk (01.06.2017)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Никола Тодоров
Министер за здравство
јуни – октомври 2017
Наследник
Венко Филипче