Гимназија „Панче Попоски“ - Гостивар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
"Панче Попоски"
Место
Општина: Гостивар
Место: Гостивар
Основни информации
Настава на: македонски, турски и албански
Контакт информации
Портал pancepoposkigv.schools.edu.mk

Средното училиште "Панче Попоски" се наоѓа во Гостивар, општина - Гостивар.

Формирање и развој[уреди | уреди извор]

Гимназијата “Панче Попоски“- Гостивар е основана со одлука на Собранието на Општина Гостивар во 1960 година и започнува со работа од учебната 1960/61 со две паралелки, на македонски и албански јазик, со по 35 ученици. Првата генерација на матуранти е од учебната 1963/64. Оттогаш, па сî до денес, многу генерации на гостиварската младина ги стекнаа своите образовни и културни вредности во ова наше училиште, многумина од нив се запишаа на вишите и високите школи во државата и надвор од неа и работеа и твореа (работат и творат) како професори, наставници, доктори на науки, инженери, лекари и други професии. Многумина од нив се гордост на нашиот град и нашата држава, допринесувајќи за развојот и постигнувањето успеси во сите области на општествениот живот.

Во текот на своето долгогодишно работење, сè до учебната 2004/2005, во гимназијата “Панче Попоски“-Гостивар се реализираат исклучиво Наставниот план и програмите за средно гимназиско образование. Врз основа на донесената одлука од страна на Министерството за образование и наукa (04.11.2004 год.), во рамките на гимназијата “Панче Попоски“-Гостивар, од учебната 2004/2005 се реализираат и Наставните планови и програмите за одредени образовни профили од средното стручно медицинско училиште.

Со одлука на Управниот одбор на училиштето од 08.03.2006 год, гимназијата “Панче Попоски“-Гостивар се преименува во СОУ “Гостивар“-Гостивар.

Во рамките на гимназиското образование се реализираат наставните планови и програми за реформирано гимназиско образование, односно за природно-математичко и општествено-хуманистичко подрачје.

Во рамките на стручното медицинско образование се реализираат наставниот план и програмите за здравствена струка – медицинска сестра-техничар.

Денес, во учебната 2012-2013, бројот на ученици во нашето училиште е 2862. Тие се распоредени во вкупно 82 паралелки, од кои 59 гимназиски паралелки и 23 медицински паралелки (7 од гимназиските паралелки се во Неготино, додека 7 во Ростуше).

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

1

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]