Демографија на Египет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Динамика на населението (1961 - 2003 година)
Старосна структура (2005)

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Египет изнесува 81 713 900 луѓе.

Старосна структура[уреди | уреди извор]

(2006)

  • 0-14 години: 31.8% (мажи: 13 292 961/жени: 12 690 711)
  • 15-64 години: 62.5% (мажи: 26 257 440/жени: 25 627 390)
  • 65 години: 5.7% (мажи: 1 636 560/жени: 2 208 455)

Коефициент на плодност[уреди | уреди извор]

Етнички состав[уреди | уреди извор]

Поради различните расни структури на староседелците во Египет, во денешно време причината за употреба на различни јазици е и во религиозните групи кои постојат во оваа држава. Многумина Египќани се директни потомци на древните Египќани, популација која била населена во североисточниот дел на Африка. На овие простори со доаѓањето на Арапите се воведува и нова религија - ислам. Арапските доселеници започнале да се мешаат со староседелците, стапувајќи во брачни односи. Денешните жители на Египет исто така водат потекло и од Римјаните, Грците и Турците од времето на нивното владеење со Египет. Одвоена староседелска група Нубијци живееле во северен Судан и јужен Египет. Денес оваа популација главно е концентрирана во Асуан и Каиро. Владата на Египет не ги признава како посебна етничка група. Мал број на Грци, Италијанци, Евреи се претопиле со домашното муслиманско и христијанско население.

Јазици[уреди | уреди извор]

Службен јазик кој се користи во Египет е арапскиот јазик. Стандардниот книжевен арапски јазик го разбираат само високо образованите луѓе. Нубијците се служат со стариот јазик. Берберскиот јазик се употребува во неколку населени места во оазите на западната пустина. Христијаните говорат на коптскиот јазик, на кој се служат и православните црковни литургии.

Религија[уреди | уреди извор]

Службена религија во Египет е исламот. Според пописот, од 1986 година 94% од населението на Египет се муслимани. Друга религија која е застапена во државата е египетското христијанство, т.н. Копти. Другите религии (православни Грци и Ерменци, католички Грци и Ерменци и протестанти) заземаат 4% од вкупниот број на населението. Коптите сметаат дека службениот попис не е валиден и дека тие се барем 10% од населението.

На просторот на денешен Египет живееле Евреи, кои иако биле во мал број, економски се многу важни. Земјата ја напуштиле по 1956 година кога сојузниците предводени од Израел, Франција и Велика Британија го нападнале Египет.

Манастирот Света Катерина на планината Синај

Во почетокот на 1980-тите години, исламските војници партиципирале во исламската група Џихад, и во 1992 година започнале многу големи нереди низ улиците на Каиро. Востаниците сакале да се основа влада која ќе се залага строго за исламските права. Жртви на оваа насилство биле Коптите, службениците на владата и туристите. Организацијата за човекови права установила дека владата во Египет врши дискриминација над Коптите.

Религија: муслимани 94%, христијани (Копти) 6%.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]