Прејди на содржината

Грубевци

Координати: 40°50.39′N 22°30.20′E / 40.83983° СГШ; 22.50333° ИГД / 40.83983; 22.50333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грубевци
Αγροσυκία
Грубевци is located in Грција
Грубевци
Грубевци
Местоположба во областа
Грубевци во рамките на Постол (општина)
Грубевци
Местоположба на Грубевци во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.39′N 22°30.20′E / 40.83983° СГШ; 22.50333° ИГД / 40.83983; 22.50333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПостол
Надм. вис.&10000000000000120000000120 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно280
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Грубевци или Гурбеш (грчки: Αγροσυκία, Агросикија; до 1926 г. Γκούρμπες, Гурбес[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 280 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Бојмија, на северозападниот крај на Солунското Поле, во југозападните разгранки на планината Пајак. Лежи 15 км североисточно од Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во 1632 година Грубевци се спомнува во османлиски дефтер како село со 24 христијански домаќинства. Населението се занимавало главно со одгледување на сусам, памук, анасон и тутун[4]. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Грубевци како македонско село.[5][6]

На крајот од ХІХ век селото се ослободило од Цариградската патријаршија (грчката црква), но потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Бугарската пропаганда проработела уште во 1874 г. со отворање на бугарско училиште; од 1891 до 1903 г. во него учителствувал деецот Захари Ѓорев од Куманово[8], а по него Пено Авков. Во селото е основан комитет на ВМРО, на чело со Аргир Авков.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грубевци имало 400 жители, сите Македонци христијани.[9][10]

По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Грубевци (Groubevtzi) имало 384 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[9][11]

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Грубевци, 17 /III, 1 ч. од Кониково. Вкупно 40 македонски егзархиски куќи и 1 гркоманска, чифлик. Се заинмаваат со земјоделство и лозарство. Од Патријаршијата се откажало пред 20 години. Нема никакви црковни имоти. Училиштето е двокатно, со две простории таваносани и добро осветлени. Училницата е со големина 6 × 6 × 3 метри, а другата е помала и служи за домување.[9][12]

По податоци на егзархијата во 1910 г. Грубевци било чифлигарско село со 300 Македонци од 57 семејства и една црква.[9][13]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека селото (Γκρούμπες) има 178 егзархисти.[14][15]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 30 македонски куќи.[15]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

Во 1912 г. Грубевци е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 318 жители (166 мажи и 152 жени),[15] а во 1920 г. имало вкупно 319 лица.[3] Во 1924 г. целото население е протерано во Бугарија (272 лица), а на негово место се доведени грчки колонисти од Понд и Мала Азија.[3] Истераните Македонци 40 семејства се населиле во Горен Воден кај Асеновград, а дел од нив потоа се преселиле во самиот Асеновград и во Пловдив, а три семејства се населиле во Кавакли (денес Тополовград).[4]

Во 1926 г. селото е преименувано во Агросикија. Во 1928 г. Грубевци е претставено како чисто дојденско село со 438 жители од 118 семејства.[16]

Во 1940 г. Грубевци имало 476 жители. Во текот на следните десетлетија бележи благи падови и покачувања, со поголем пад на бројноста во текот на 2000-тите.

Главен храм во селото е старата македонска црква „Св. Атанасиј“ (XVIII – XIX век). Селска слава е на Атанасовден — Летен.[4]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 476 458 496 418 395 429 384 280
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото е полупланинско и прилично пасивно. Се одгледуваат пченица и малку памук, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Младен Костадинов Митраколев (1911 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војна[17]
  • Танас Грубешки — месен учител и секретар во четата на Павле Кониковски[18]
  • Димитар Сурлев (1907 – 1933) — комунистички деец во Бугарија

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκούρμπες -- Αγροσυκία
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 67.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр. 92.
  5. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
  7. Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 69.
  8. Илюстрация Илинден, 1943, бр. 144, стр. 13.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Paris, 1905, рp. 102-103.
  12. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
  13. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  14. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  15. 15,0 15,1 15,2 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 15 јули 2019.
  16. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  17. ДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 112, л. 9
  18. Георгиев, Георги Н. Епос за един изгубен свят (Архивни материали за борбите, езика и бита на българите в Ениджевардарско), Македонски преглед, г. ХХХІІІ, 2010, бр. 4, с. 124-136