Прејди на содржината

Анасон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анасон
Илустрација од 1897 г.[1]
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Род: Бедренка
Вид: Анасон
Научен назив
Pimpinella anisum
L.
Синоними
Синоними
  • Anisum odoratum Raf.
  • Anisum officinale DC.
  • Anisum officinarum Moench
  • Anisum vulgare Gaertn.
  • Apium anisum (L.) Crantz
  • Carum anisum (L.) Baill.
  • Pimpinele anisa St.-Lag.
  • Ptychotis vargasiana DC.
  • Selinum anisum (L.) E.H.L. Krause
  • Seseli gilliesii Hook. & Arn.
  • Sison anisum (L.) Spreng.
  • Tragium anisum (L.) Link

Анасон (науч. Pimpinella anisum) — растение од семејството на штитоцветните (Apiaceae). Расте од 0,5 до 1 метар во височина. Расте во областите околу Средоземјето.

Латинското име е pimponella anusum. На македонското јазично подрачје познато е како и луканство (Горни Броди, Сер), кликанцу (Савек, Демир Хисар), разијане (Прилеп), аласојне (Дрен, Прилеп).[2]

  • Има гранулести, меки, снегулести влакна покриени со шупливо стебло. Стеблото почнува да се разгранува на 2/3 од височината.
  • Цветовите се бели, распоредени во штитасти цветови. Лутуците му се прекриени со ситни влакненца. Растат во китките во облик на извртен чадор. Содржат ароматично масло, така што имаат пријатен мирис.
  • Листовите се на дното и се состојат од 3 округлести врежани листови, средни прстенасти листови, а горните крпасто разделени.
  • Плодот е во облик на јајце, спрема врвот сушен, а од страна малку стиснат, долгнавест од 3 до 6 милиметри. Бојата од плодовите е светлозелена. Плодот (семе) се употребува и како зачин и како лек.
  • Коренот е тенок и вретенест.

Лековитиот дел од плодот, односно зрелото семе се собира само по суво време.

Лековито дејство

[уреди | уреди извор]

Анасоновото семе делува против смирување на грчеви, го зајакнува желудникот, подобрува варењето и отстранува штетните сокови од организмот. Исто така ја чисти крвта и ги зајакнува живците. Ги чисти белите дробови, желудникот и бубрезите, ги зајакнува пробавните органи, помага во регулирање на неуредна менструација и несоница.

Исто така се употребува во производство на колачи и слатки, козметика, производство на ликери, како и алкохолни пијалоци, како што е Мастика, Узо, Анасонова ракија

Вистинскиот анасон денес се употребуа во незначителни количини, бидејќи е потиснат од ѕвездестиот анасон којшто има мирис и вкус на анасон, ноботанички не е во никаква врска со него. Со сличен мирис е и лофантот.

Одгледување

[уреди | уреди извор]

Семето на билките се сади во април, плодот се собира кон крајот на август. Плодот сам отпаѓа, а созрева нерамномерно. Приносот е околу 1-{t/ha}-.[3]

Историја на одгледување Првпат, анасонот се спомнува во египетскиот папирус што датира од околу 1500 година п.н.е.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ from Franz Eugen Köhlae, Köhlae's Medizinal-Pflanzen, 1897
  2. ↑ Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 11
  3. ↑ Ashurst 1999, стр. 33.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Ashurst, Philip R. (1999). Food Flavorings. Springer. стр. 33. ISBN 978-0-8342-1621-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]