Ракија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Казан за варење ракија

Ракија (срп., хрв., бос. ракија / rakija, буг. ракия, унг. pálinka, алб., тур. raki, ром. rachiu (дијал. răchie), сло. žganje, свк. pálenka ) — жесток алкохолен пијалак популарен на Балканот. Се прави речиси исклучиво од овошје, но постојат и ракии кои се прават и од мед или од ореви. Во индустриското производство вообичаено е процентот на алкохол да биде помеѓу 40 и 45 проценти, но во домашното производство овој процент се движи на пати дури и над 60.

Во Македонија традиционалната ракија е лозовата ракија со процент на алкохол помеѓу 40 и 60 проценти. Во другите земји на Балканот, покрај лозовата ракија, многу често се среќава и сливовата ракија (срп. шљивка) која е особено популарна во Србија. Ракија се прави и од кајсии, круши, јаболка, праски, дудинки и други сочни овошја. Покрај чистата ракија, при процесот на производство може да се додадат најразлични зачини. Особено позната и популарна зачинета ракија е мастиката или узо која содржи анасон и има сладок вкус, а е карактеристична за јужните предели на Македонија и Бугарија и Грција. Друга позната зачинета ракија е т.н. пелинковец кој содржи пелин и има горчлив вкус.

Ракијата обично се конзумира во друштво и секогаш со мезе. Не се препорачува пиење ракија „на голо“, т.е. без мезе или само со вода. Како мезе најчесто се користат разни зеленчукови салати (традиционално тоа е шопската салата), иако во Далмација, Црна Гора и Србија неретко како мезе се користат и месни или сувомесни производи (најчесто пршута).

Покрај индустриското производство, ракија се произведува и во рамките на едно домаќинство, за неговите потреби. Многу домаќинства имаат „традиционални“ начини на приготвување на ракијата, специјални места и опрема за чување и складирање на истата кои наводно се пресудни за квалитетот на производот.

Производство на ракија во Македонија[уреди | уреди извор]

Лозова ракија од Тиквеш(винарија

Во април 2014 година, жолтата лозова ракија со ознака "VS" на винарската визба "Тиквеш" била наградена со златен медал за виок квалитет на меѓународниот натпревар на вина и жестоки пијалаци, одржан во Пловдив. Оваа ракија, со јачина од 45 степени, се произведува на природен начин, од гроздов дестилат кој стареел повеќе од пет години, чуван во дабови буриња.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Злато за жолтата на "Тиквеш", Дневник, година XVIII, број 5439, петок, 11 април 2014, стр. 12.