Црква „Св. Димитрија“ (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Димитрија
Ιερός ναός Αγίου Δημητρίου Θεσσαλονίκης
*
Светско наследство на УНЕСКО

Stdemetriusthess.jpg
Црквата Свети Димитрија
Тип културно
Критериуми i, ii, iv
Навод 456
Регион** Европа
Координати 40°38′ СГШ 22°57′ ИГД / 
Записно минато
Запис 1988  (12th заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Свети Димитрија (грчки: Ιερός ναός Αγίου Δημητρίου Θεσσαλονίκης) — црква која се наоѓа во Солун, Грција, посветена на Свети Димитрија Солунски — светец и заштитник на градот Солун. Црквата датира од времето кога градот бил втор го големина и значајност во Византија. Црквата „Св. Димитрија“ е вклучена во списокот на Светско и културно наследство на УНЕСКО од 1988 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Византиски период[уреди | уреди извор]

Свети Димитриј Солунски е роден во Солун во 280 година и починал како маченик за христијанската вера во 303 година. Кога императорот Константин Велики го забранил прогонувањето на христијаните од имперјата, на местото на затворот на Св. Димитрија (по друга верзија - над неговиот гроб[1]) во 313 - 323 година била изградена мала црква[2]. По сто години, во 412 - 413 година, илирскиот големец Леонтиј поради неговото излекување од парализа, ја изградил првата голема црква (трикорабна базилика) меѓу урнатините на античките терми и стадионот[3]. Олтарниот дел на црквата бил сместен над наводното место на гробот на светителот и при изградбата биле откриени неговите мошти[4], тајно закопани таму, според житието од солунските христијани во 306 година. Од старата црква се задржани само некои архитектонски елементи и уметнички мозаик.

Внатрешноста на базиликата

Според друга верзија, првата базилика посветена на Свети Димитриј Солунски била изградена во Солун дури во 5 век (постојат разлики во верзиите - во почетокот или во последната четвртина на 5 век[5]). Оваа дата е поврзана со верзијата за зародиш на култот на Свети Димитрија во град Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Србија), од каде неговите мошти биле пренесени во Солун или заземањето на градот од Атила во 441 година, или од Аварите во 582 година, но последноата претпоставка е оспорена од археолозите, кои ги спровеле ископувањата во базиликата.[6] .

Црквата пострадала од пожар во владеењето на царот Ираклиј I (веројатно меѓу 628 - 634 година), но бргу била обновена и проширена до петкорабна базилика[3]. Во овој пожар пострадал и сребрениот балдахин, кој се наоѓал во средината на централниот кораб на базиликата:

Балдахинот имал шестоаголна основа, ѕидови и покрив, крунисани со крст. Внатре имало сребрена одаја со слика на ликот на светителот[8]. Верниците можеле да влезат внатре и да палат пред него свеќи. Описот на балдахинот бил направенод солунскиот архиепископ Јован Солунски во средината на 7 век, а негова слика имало на мозаикот на северната колонада на базиликата (познато единствено од акварелите на англискиот архитект Волтер Сајкс Џорџ[9]))

Колонадата на базиликата до пожарот од 1917 година (слика од 1910 година)

По овој пожар биле направени последните градежни работи, кои и ги дале на базиликата современиот нејзин изглед. Во овој период биле направени и дел од мозаиците, кои денеска ја украсуваат базиликата. Конечниот ентериер на базиликата бил оформен кон средината на 9 век. По Солунскиот пожар од 1917 година на источната колонада бил откриен мозаичен натпис од почетокот на 9 век:

Споменатиот во текстот Леон (Лав), најверојатно е татко на апостолите Св. Кирил и Методиј, кој тогаш бил друнгариј на управителот на Солун[10].

Околу богослужбите во солунските храмови, вклучувајќи ја овде и базиликата на Свети Димитрија, пишува Јован Каменијат во својот труд "За заземањето на Солун", посветен на заземањето и грабежите на градот од Арапите во 904 година (базиликата тогаш не пострадала):

Во 1185 година, кога Солун бил освоен од Норманите, базиликата била ограбена, а гробот на Свети Димитрија осквернет. На крајот на 13 век кон базиликата била додадена пристројка посветена на Евтимиј, изградена во форма на мала трискатна базилика[12].

Османлиски период[уреди | уреди извор]

По освојувањето на Солун од страна на Османлиите во 1430 година, базиликата била оставена на христијаните. При предвањето на црквата на османлискиот султан Мурат II, според зборовите на византискиот историчар Дука, султанот пренел жртва на овен и наредил да се остави храмот во рацете на христијаните[13], но сите украси на храмот и гробот на Свети Димитар биле уништени од Турците, а храмот целосно ограбен.[14]

Во 1493 година црквата била претворена во џамија. Во овој период за христијаните бил зачуван пристапот до кенотафот на Св.Димитрија, лоциран во еден помал објект во западниот дел на левиот кораб, каде што бил направен посебен влез. Тогаш фреските и мозаиците на храмот биле покриени со вар.

Грчки период[уреди | уреди извор]

Мермерен базен во дворот на базиликата

Базиликата останала муслимански храм до 1912 година, кога во текот на Првата балканска војна, Солун станал дел од Грција. Храмот практично целосно бил опожарен во 1917 година.[15]. Реставрацијата започнала во 1926 година, кога бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад, наводно со крвта на Димитрија. Исто така започнало враќањето на фреските и мозаиците, кога била отстранета варта. Од пожарот во 1917 година настрадал и покривот. Дел од мозаиците се наоѓаат во криптата претворена во музеј. При реставрацијата максимално се користеле старите столбови. Подот при реставрацијата бил направен од обоени камења и мермер, покривот бил направен повторно од бетон, но го задржал изгледот на безтавански дрвен покрив, карактеристичен за ранохристијанските базилики.

Рестсаврацијата завршила и на 26 октомври 1949 година било извршено ново осветување на црквата и од тој момент црквата започнала да биде активна со редовни богослужби[16][17]. Влезот во базиликата и во Археолошкиот музеј во криптата е слободен. Во базиликата, освен моштите на Свети Димитрија, се чуваат и моштите на Анисија Солунска во сребрени ковчег.

Во денешен Солун базиликата се наоѓа во историскиот центар, до археолошкиот комплекс на античката Агора, на пресекот на улиците "Селевкос" и "Агиос Димитриос".

Во 2003 година во гробница, изградена на влезот во базиликата бил погребан солунскиот митрополит Пантелејмон II (Хрисофакис), со чии напори во храмот биле вратени моштите на Свети Димитрија[18].

Архитектура[уреди | уреди извор]

Базиликата била изградена во ранохристиански елинистички стил и има форма на четириаголник. За изградбата биле користени тули и камења од претходните градби.

Базиликата е петкорабна, должината на нејзиниот дел со олтарниот е 43,58 метри, а ширината - 33 метри. Ова е најголемата црква во Солун. Има два влеза, од кои главниот е во тремот.

Покривот се состои од пет ската и нема купола. Во секој од страничните скатови и во наосот има балкони. Фасадата на базиликата е несимметрична, кон левата страна е доградена камбанарија со крст. Од надворешната страна на олтарниот дел има, неупотребливи денес, влезови кон криптата на базиликата, откриени при реконстркцијата во првата половина на 20 век.

Колонада[уреди | уреди извор]

Корабите на базиликата се поделени со колонада од бели, зелени и темноцрвени мермерни столбови. Веројатно тие биле земени од постара градба, бидејќи се разликуваат и по висина, и по изглед. Капителите се сосема различни; особено интересно изгледаат оние со лисја на трње. Овој тип е распространет главно во 4 век и се среќава, на пример, во Сант Аполинаре ин Класе во Равена. Листовите имаат кружна форма и се затворени во дршка рамка. Дел од нив се со коринтски капители

Мозаици[уреди | уреди извор]

Во текот на реставрацијата биле обновени некои мозаици кои датираат од 7 и 8 век, додека останатите биле засекогаш изгубени при пожарот на црквата од 1917 година. Овде се среќаваат и ретки мозаици од времето на иконоборството[19]. Тешко е да се каже зошто иконоборците ги поштедиле овие слики. Во мозаиците се гледа античката традиција, но лицата на светците веќе потсетуваат на доцновизантискиот период. При споредба на мозаиците од базиликата Св. Димитрија и цариградските од истиот период, се забележува изобилство на источните типови[20]. Сите мозаици на великомаченикот Димитрија имаат индивидуални црти на лицето, што сведочи за различно време на изработката.

Мозаик „Свети Димитријаи деца“[21]
Мозаик „Свети Димитрија и ктитори“

Димитрија и свештеници[22][уреди | уреди извор]

Мозаикот бил откриен за време на реконструкцијата при уривањето на ѕидот, изграден од Османлиите од десната страна на олтарот на базиликата. Светителот е прикажан како ја држи својата рака врз рамото на свештеникот, изразувајќи ја својата добродушност. Првично светлата правоаголна рамка околу главата на свештеникот е прифатена за ореол, но по отворањето на мозаикот "Св.Димитрија со ктитор" било заклучено дека овој квадрат е амбразура на градски ѕид, на позадината на која се прикажани фигурите. Долниот дел на мозаикот содржи натпис: Најсреќниот маченик Христов, кој го сака градот, опколен од грижата на жителите и гостите на градот.

Димитрија и деца[23][уреди | уреди извор]

Мозаикот се наоѓа во западниот дел на олтарот и најверојатно е подарок од родителите на децата, на кои Свети Димитрија им дал помош. Лицата на децата имаат индивидуални црти. Светецот ја држи раката врз рамото на едно од нив, а другата му е подигната со отворена дланка. Овој гест веројатно условно покажува дека светителот се моли. Овој е еден од најстарите мозаици во базиликата (најверојатно направен веднаш по обновувањето на црквата во средината на 7 век). На неа Димитрија е претставен како млад човек со идеализирани црти на лицето и со кратка права коса, облечен во хитон и раскошна мантија, која, слично на сите други слики, е врзана на десното рамо. Мантијата е украсена со табилион што го одразува благородното потекло на светецот наведен во неговите житијата.

Димитрија со ктитори[24][уреди | уреди извор]

Овој мозаик е исто така еден од најстарите мозаици во црквата. Димитрија е прикажан како опкружен со црковните (десно) и световните (лево) владетели на градот. Се смета дека ова се епархот Леонтиј и архиепископ Јован, кои ја организирале обновата на базиликата по пожарот во 7 век. Својата благонаклонетост, светителот ја одразува преку позицијата на неговите раце кој тој ги држи на нивните рамена. Под мозаикот има натпис: Од десно и лево се гледаат градителите на славното строение на маченикот Димитрија, кој го тргна бранот на варварските флоти и го спаси градот. Станува збор за опсадата на Словените во 615 година.

Богородица и Тeoдoр Стратилат[25][уреди | уреди извор]

Мозаикот се наоѓа во јужниот дел на олтарниот дел и бил создаден кон крајот на 9 век и почетокот на 10 век. Богородица и Тeoдoр Стратилат се прикажани како се молат, а на небото над нив се гледа фигурата на Христос, кој ги благословува со десната рака. Во рацете на Богородица има свиток со зборовите: Господ Бог, благоволен си да го слушнеш гласот на мојата молитва, бидејќи јас се молам за луѓето.

Се верува дека мозаикот бил нарачен од верници кои добиле исцеление од болест. Ова било потврдено од натписот под него: "... јас на тебе сум се посветил во знак на благодарност, макар и да сум разочаран од луѓе, твоите сили ми даваат во мене живот.

Фрески[уреди | уреди извор]

Влегувањето на императорот во градот

Фреските кои ги украсувале порано ѕидовите на базиликата, се зачувани само во десниот кораб. Фресковиот циклус е исполнет во неколку фази од 7 до 14 век. Во фреските од 7 век во црквата се откриваат зачетоци на склонетост кон прикажување на обични, но импресивни лица, како што се сликите на двајцата ктитори, прегрнати од Св. Димитрија[26] .

Во најдобра состојба се следниве фрески:

  • Преподобен Лука (Стириот);
  • Нападот на варварите кон Солун. Прикажана е опсадата на градот од Словените во 615 година[7]. Византиската победа се припишува на застапништвото на Свети Димитрија. На фреската се гледа слика на црква, која е прифатено дека станува збор за базиликата Свети Димитрија и натпис Светата црква кај стадионот;
  • Молештиот се Св.Димитрија (11 век);
  • Димитрија го покрива со мантија на архиереј
  • Алегорична фреска со ликот на човек кој гони диво животно;
  • Император се приближува кон градот. Оваа е една од најдобро зачуваните, На неа е прикажан император (најверојатно Јустинијан II, кон Солун[27].

Крипта[уреди | уреди извор]

Крипта на „Свети Димитрија“
Κρύπτη Αγίου Δημητρίου
Saint Demetrius crypt1.JPG
Основан 1991
Место Солун, Грција

Криптата била откриена под базиликата во 1918 година за време на реставрацијата во уништената по пожарот во 1917 година црква. Во антиката во криптата се влегло во отвори лоцирани надвор од црквата од страна на олтарот. Денеска, влезот на криптата е преку скали од десната страна на олтарот.

Криптата е местото каде според легендата, бил убиен великомаченикот Димитрија, и се наоѓа под олтарот на базиликата. Ансамблот на криптата се состои од едноприделна базилика во која во антиката биле распоредени моштите на Светителот, како и полукружен простор со огради и столбови, опкружени со резервоари за вода. Во центарот, до мермерниот балдахин, кој се одржува од седум столбови, има мермерен наменет за собирање на мирото, кое според легендата, истекува од моштите на Свети Димитрија. Во северниот дел на криптата има неколку гробови на солунските епископи.

Во криптата во ранохристијанските времиња имало извори на вода, која течела по изградениот во 10 век водовод. Бунарот со изворот постои и денес.

Во 80-тите години на 20 век во криптата бил откриен археолошки музеј, каде се претставени скулптури и други наоди од ископувањата, како и дел од мозаиците, кои претходно ги краселе ѕидовите на базиликата. Највредните експонати на музејот вклучуваат чаша за миропомазание, поврзана со култот на Свети Димитрија, како и амвон на храмот и архитектонски скулптури од раниот храм.[28].

Реликви[уреди | уреди извор]

Базиликата, изградена на местото на мачеништвото на Св.Димитрија, од своето основање претставува и место на реликви поврзани со овој светец. Првично, централно место во култот на Свети Димитрија го зазема балдахинот кој во житијата и чудата на светецот се опишува како место каде светителот комуницира со верниците. Подоцна фокусот се префрлува кон почитувањето на моштите на светителот, кои од средината на 11 век се почитувани како мироточиви.

Мошти[уреди | уреди извор]

Во денешно време моштите се чуваат во северниот кораб на базиликата, во мермерен балдахин. Ова е вториот мермерен балдахин на Св.Димитрија, првиот бил уништен во 1430 година по освојувањето на градот од страна на Османлиите. Се претпоставува дека на крајот на 12 и почетокот на 13 век, веројатно за време на периодот на латинското Солунско Кралство, тие биле однесени во Италија[6]. Моштите биле пронајдени во 1520 година во опатијата на Сан Лоренцо ин Кампо и биле вратени во Солун во 20 век. Во 1978 година глава, а во 1980 година - главниот дел од моштите, при што во Италија останале само шест големи делови.

Моштите од антиката се почитувани како мироточиви (Димитриј Ростовски напишал дека мироточението е познато од 7 век[29], но Јован Скилица писмено известил дека мироточението за прв пат се појавило во 1040 година[8]). Верниците кои доаѓале во базиликата за обожување на светителот, собирале миро во стаклени ампули, најраните од кои се датираат од 11 и 12 век. Мирото се почитува не само од христијаните. Јован Анагност, опишал дека по освојувањето на градот од Турците, мирото било собирано и од муслимани.[30].

Од 14 век започнува да се споменува и одлив на миро-вода од бунарот на криптата (првото писмено спомнување е направено во 1330 година од Никифор Григор). Во овој период, по исчезнувањето на моштите од храмот, се појавила легендата дека се скриени во бунарот во криптата. Споменувањето за мироточението од бунарот завршило во 1493 година, кога базиликата била претворена во џамија.

Во антиката истекот на миро било многу обилно. Никита Хонијат опишува како Норманите, кои го заземале градот во 1185 година, собирале миро во тенџериња, печеле на него риба и си ги мачкале своите чевли[31]. Мироточението на моштите во денешно време нема, но на вечерта пред денот на светителот, ковчегот со моштите се отвора и на верниците се раздава памук, исполнет со ароматична течност[6][32].

Крв[уреди | уреди извор]

Култот на крвта на великомаченикот се појавил уште во ранохристијанскиот период. Димитриј Ростовски соопштува дека Луп Солунски, роб на Св.Димитрија ја зел крвавата кошула на својот господар, во која го потопил прстенот. Со таа кошула и прстен тој создал многу чуда[29]. При ископувањата во олтарот под престолот, во еден стаклен сад се наоѓа исушена крв. Се смета дека под олтарот првично бил лоцирана гробот на Свети Димитрија во кој според мислењето на голем број истражувачи, во средновизантискиот период имало земја измешана со крв.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Папахатзис Н. Памятники Салоник. Салоники: MOLHO. ISBN 960-7964-05-5 (руски)
  • Райс, Дэвид Тальбот. Искусство Византии. Москва: Слово, 2002. (руски)
  • Cormack, R. The Church of Saint Demetrios: The Watercolours and Drawings of W.S. George. Thessaloniki, 1985. (англиски)
  • David Woods. Thessalonica’s Patron: Saint Demetrius or Emeterius? // The Harvard Theological Review, Vol. 93, No. 3. (Jul., 2000), pp. 221–234. (англиски)
  • James C. Skedros Response to David Woods // The Harvard Theological Review, Vol. 93, No. 3. (Jul., 2000), pp. 235–239. (англиски)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Святой Димитрий Солунский
  2. Папахатзис Н. Памятники Салоник. Салоники: MOLHO. С. 80. ISBN 960-7964-05-5
  3. 3,0 3,1 Υπουργείο Πολιτισμού, Ναός Αγίου Δημητρίου Θεσσαλονίκης
  4. Подалтарная крипта - предполагаемое место захоронения святого
  5. David Woods Thessalonica’s Patron: Saint Demetrius or Emeterius? // The Harvard Theological Review, Vol. 93, No. 3. (Jul., 2000), p. 222
  6. 6,0 6,1 6,2 Иванова О. В. Святой великомученик Димитрий Солунский // «Православная Энциклопедия», т. XV
  7. 7,0 7,1 Чудеса святого Димитрия (Иоанн, архиепископ Фессалоникийский, середина VII века)
  8. 8,0 8,1 Charalambos Bakirtzis Pilgrimage to Thessalonike: The Tomb of St. Demetrios // Dumbarton Oaks Papers, Vol. 56. (2002), p 176.
  9. Cormack, R. The Church of Saint Demetrios: The Watercolours and Drawings of W.S. George (Thessaloniki, 1985)
  10. Кирилл и Мефодий // Новый энциклопедический словарь. Том 21. 1914 год
  11. Иоанн Камениат Взятие Фессалоники
  12. Папахатзис Н. Памятники Салоник. С. 77
  13. Византийские историки Дука и Франдизи о падении Константинополя. Перевод и предисловие А. С. Степанова. М., 1953 г.
  14. Васильев А. А. История Византийской империи (Падение Византии. Эпоха Палеологов (1261-1451))
  15. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име .CE.A5.CF.80.CE.BF.CF.85.CF.81.CE.B3.CE.B5.CE.AF.CE.BF.
  16. Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου. ΣΕΡΕΤΗΣ ΚΩΝΣΤΑΝΤΙΝΟΣ ΤΣΕΣΜΕΤΖΗΣ ΠΑΝΑΓΙΩΤΗΣ, ΤΡΙΑΝΤΑΦΥΛΛΙΔΟΥ ΒΑΣΙΛΙΚΗ, ΣΟΥΦΗΣ ΣΤΑΘΗΣ, ΑΝΑΣΤΑΣΟΠΟΥΛΟΥ Ε’Ι’ΜΗ, ΤΑΞΗ Ε3, σελ. 3.
  17. Ο Ιερός Ναός του Αγίου Δημητρίου στη Θεσσαλονίκη. Μ.Κ.Ο. "Ρωμηοσύνη".
  18. Погребение митрополита Фесалоникийского Пантелеимона II
  19. Райс, Дэвид Тальбот. Искусство Византии. Москва: Слово, 2002. Стр. 60-64.
  20. Отто Демус. Мозаики византийских храмов
  21. byzantinemuseum.gr
  22. Папахатзис Н. Памятники Салоник. С. 88-89
  23. Папахатзис Н. Памятники Салоник. С. 90-91
  24. Папахатзис Н. Памятники Салоник. С. 92
  25. Папахатзис Н. Памятники Салоник. С. 93
  26. Мавродинов, Никола. Старобългарската живопис, Книгоиздателство на Бъгарското Историческо Дружество, 1946, стр. 39.
  27. Grabar. L’empereur dans l’art byzantin, 131, 234, pl. VII-2
  28. Крипта святого Димитрия
  29. 29,0 29,1 Страдание и чудеса святого славного великомученика Димитрия
  30. Charalambos Bakirtzis Pilgrimage to Thessalonike: The Tomb of St. Demetrios // Dumbarton Oaks Papers, Vol. 56. (2002), p 187.
  31. Nicetae Choniatae Historia / Ed. J. Van Dieten. B., 1975. Pars. 1. P. 306
  32. Великомученик Димитрий Солунский


Надворешни врски[уреди | уреди извор]