Базилика „3 Септември“

Координати: 40°37′30.19″N 22°57′18.32″E / 40.6250528° СГШ; 22.9550889° ИГД / 40.6250528; 22.9550889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Базилика „2 Септември“
Βασιλική 3ης Σεπτεμβρίου
Карта
40°37′30.19″N 22°57′18.32″E / 40.6250528° СГШ; 22.9550889° ИГД / 40.6250528; 22.9550889
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Стилримски
ИзградбаV век
Управа
ЕпархијаСолунска

Базилика „3 Септември“ грчки: Βασιλική 3ης Σεπτεμβρίουранохристијанска базилика во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Базиликата се наоѓа на улицата „3 септември“. Градбата е откопана само делумно, а остатокот е под зградата на Меѓународниот саем. Претставува трикорабна базилика. Откопаните монети ја датираат во периодот од 380 до 450 г. Опстанала сè до VII век, кога е срушена во варварските наезди. Црквата е поврзана со соседниот мартириум на Александар од Пидна. Во неа има и киклион — полукружен ходник под жртвеникот со мермерни украси по подот и ѕидовите, поврзан со култот кон мачениците. Точно под олтарот се откриени мермерна урна и кивор со сребрен натпис.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Κουρκουτίδου-Νικολαΐδου, Ευτυχία, Αναστασία Τούρτα (1997). Περίπατοι στη Βυζαντινή Θεσσαλονίκη. Αθήνα: Εκδόσεις Κάπον. стр. 36-37. ISBN 960-7254-47-3.